веднаш (прил.) - продолжи (гл.)

Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да предложи да запрат со работата за тој ден, Камилски веднаш продолжи: Не можеше поинаку со инаетот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Веднаш продолжив, сеќавајќи се на еден запис на преродбеникот Фаик Коница за Верата на албанците, во кој се цитира искажувањето на лејди Мери: - Таа вели дека од сите вери што ги запознала, верата на Албанците, ѝ се чинела најнеобична.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
А.А. се созеде, веднаш продолжи: - Така, така беше само во главите на заколнатите антикомунисти.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Се поткренав на столот, но не станав, а тој веднаш продолжи.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И мечката го сети тоа. Таа првин како да се ребреше од новиот истрел, што го очекуваше, онака свртена и безмалу совладана, а кога истрелот не доаѓаше, таа прво си се врати на својата дира, со крвта, што ѝ се сливаше по снегот, а така вратена, таа како да се најде повторно себеси затрчана и веднаш продолжи кон него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Притоа не рекоа ништо и оној напред уште веднаш продолжи да разгазува.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Бидејќи таа немаше никаков багаж, веднаш продолжи кон излезот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Дури ѝ се стори дека воздивна со олеснување. Веднаш продолжи.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Вангел Русјаков е сосема до неа, тие безмилосно навлегуваат во неговите очи, ете, да не е оваа шамата што ја накрена жена му, ако ја пружи раката ќе стигне до разделот, ама од пусти срам, а и поради тоа што таму од кај другиот ѕид ги должеа вратовите машките на Коста Ципата, се заврте на кај Милка, се сви околу неа како колак и чиниш веднаш продолжи да спие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Неговите зборови ги протолкував како еден вид нецелосно прифаќање на книгата, но тој тоа го забележа и веднаш продолжи: Ракописот до неговото објавување ќе биде под наша грижа!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И веднаш продолжи војнички отсечно: „За да знам како да ја организирам исхраната”.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Гледам дека добро учиш, и многу брзо напредуваш во споредба со порано, кога утрово се “запознавме” – додаде старецот и веднаш продолжи: - Зар не забележуваш дека се се менува: денот и ноќта, гневот и веселоста во душата на птицата, расположбата во човековата душа…
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Но веднаш продолжи да нагаѓа: „А можеби Иван Степанович и свесно го поттикнал Ролана да биде татко на неговото дете“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А подоцна додаде: „В ред, можеби директно и не го поттикнал.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој сакаше да се надоврзе на мислата на Игора, но тој веднаш продолжи: - Човекот, пријатели мои, на овие простори, на ова Езеро кое е божји дар, ќе ја докажува својата величина, својата мерка за човечност - само во однос на чистотата, долговечноста на Езерото.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Татко размислуваше како да одговори, да се надоврзе на прашањето, но Игор Лозински веднаш продолжи: - Еден ист сигнал е истовремен за сите јагули на планетата.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)