веднаш (прил.) - рече (гл.)

Таа ја почувствува нашата возбуда и веднаш рече: – Бомба, бомба падна во нашата куќа! – Како се случи да куртулиме од бомбата!?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Откако му ја предадов пораката на тогашниот сојузен секретар за надворешни работи на СФР Југославија Будимир Лончар, известувајќи го за скорешната посета и за бараната средба со него и неговите соработници, Јасер Арафат ја прочита набрзина пораката и веднаш рече: - Секогаш ни се драгоцени средбите со југословенските раководители!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не забораваше да рече: - Ова е чист мед, од палестинските планини...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Да не се занесов случајно? - прашав, бидејќи Даскалов молчеше - Ох - продолжив - ваквите изливи веројатно наидуваат поради крапон со кромид.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Освен можеби оние вечни осуденици, спомените.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Па и тие немаше да се враќаат ако не беа врзани за нас со златниот конец на сеќавањето…
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Прости ми другар Даскалов и веднаш речи ми дека не треба и не смеам да заборавам оти во животот никогаш ништо не се враќа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)