веднаш (прил.) - стане (гл.)

Доаѓа детето го чувствувам! - викаше таа. - Еве сега. –рече Кире. Веднаш стана па потрча.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Од него разбрале за она што се случило во Цапари и веднаш станале свесни за опасноста што ги дебне.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се приближија, Христина го викна Тодор, кој веднаш стана, а Томаица не можеше да се воздржи да не погледне накај Петар кој веќе гледаше во неа со неговите длабоки и топли очи насмевнувајки се нежно.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
10. ПАДНИ И ВЕДНАШ СТАНИ - до кога тоа така ќе биде: да се обѕирнуваш на сите страни за некој шегобиец да не те виде...
„Куршуми низ времето“ од Љупчо Стојменски (1976)
Во државата веднаш станаа свесни за значењето на откритието.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Однесувањето на црноуниформираните луѓе веднаш стана повоздржано.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Седнавме до нив на масата затоа што веќе немаше друга слободна и заподенавме „хм-хм“ муабет, ама овие си се најдоа по кавадаречки и лафот веднаш стана божем 100 години се познаваат.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Пред началникот Јован, како и Бино, плукна на бугаршчината и се заколна на верност краљу Петру I, за кое веднаш стана општински шумар на оној ист свој реон во којшто брка комитаџилак тринаесет години.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)