веднаш (прил.) - им (зам.)

Дедото поп веднаш им ја исполни желбата: — Е море, кога сакате, да ви го кажа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Така направија на Хаџи Ташку и дружината, а овие, пак, веднаш им зајамчија дека ќе им најдат таков.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Само, им рекоа, стрпете се до сабота; тогаш ќе дојде на пазар еден фалбаџија од овдешниве села, тој сигурно ќе сака да се фати со Исо.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Да и пратите и ниј во Софија за пушки.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И Шаќир како Бајракот не малку се изненади кога го виде Ѓура в град, но овој веднаш им ја објасни работата на обајцата: — Me пратиа војводата и Бешот да и донеса и виа пари; — и бркна во пазамарката од мариовската кошула, та извади и тој црно шамивче и му го подаде на Шаќира.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Обуени во пленети германски или бугарски офицерски чизми, ама облечени и во скроени униформи, веднаш им се гледа каде се криви и каде се прави...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Но само што ги изговори првите зборови од песната, тој веднаш им се сврти на пејачките и, гласно, самоуверено, им свика, повторувајќи го со мака зборот: - Фаајрон, фаај...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Мештаните веднаш им донесоа храна.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Наместо да укажуваат на келтското потекло на населението кое Германија го присвоила, наместо да се впуштаат во филолошки или етнографски натпревари, на своите соговорници тие веднаш им допуштаат дека Алзас е германски според јазикот и расата.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Веднаш им се гледа дека се силеџии. Како оној Чико.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Инаку, овие парични средства, останатите колеги кои не тужеа ги добија релативно брзо и веднаш им беа исплатени!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Исто така, беа намалени и првичносудените парнични трошоци – па сега тие, севкупно, изнесуваа 29.908 МКД (490 ЕУР). 267 И двете погореопишани судски одлуки се спроведуваат при- силно – преку извршител.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А по добиеното дело за разлика во плата, Божиновски покренува уште една – трета по ред – тужба, бидејќи на зголемената вредност на платата логично му следуваат и зголемени придонеси во ФПИОМ – кое право, во иднина, би му влијаело за висината на неговата пензија.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
... Веднаш им беше јасно дека го слушнала и го разбрала разговорот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Што дека уште веднаш им беше празно без него, особено на внучињавата, ама во неа имаше и надеж дека можеби некој друг го одлостил вагонот и го понел со себе.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Некои, Нумо, што беа поитри, веднаш им ги продадоа на Албанците по селата и така фрлија понекоја жолтица в џеб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Имено, на вработените веднаш им престанува работниот однос штом не е донесен план за реорганизација, тие повеќе не можат да имаат свој претставник во одборот на доверители и им се укина можноста од решавање на прашањата 1.  Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 55/97. 2.  Закон за присилно порамнување, стечај и ликвидација, Сл. лист на СФРЈ, 84/89. 3.  Закони за изменување и дополнување на Законот за стечај, Сл. весник на РМ, 53/2000, 37/02 и 17/04. 4.  Закон за стечај, Сл. весник на РМ, 34/06. 5.  Закони за изменување и дополнување на Законот за стечај, Сл. весник на РМ, 126/06 и 84/07. 165 поврзани со престанок на работниот однос со меѓусебно спогодување со стечајниот управник или преку посебна комисија.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Е, тогаш постои најголема опасност воајерите од плоштадот во Сиена да добијат проширено срце, што веднаш им се познава по заруменетите лица, а овде со векови наназад никој не црвенее од срам.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Сркачите на кафе на плоштадот во Сиена задолжително фрлаат поглед кон фонте Бранда – со едното око ги гледале историските папско-царски и богаташки промендани, а со другото око, ептен ококорено, ја пулеле сегашноста низ белите гради на сиенските моми кои се враќале од вода со раскопчани елеци, баш како во старите македонски песни.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
А што се однесува до него, мислам до татко ти, сметав дека не е подобар но не е ни полош од другите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Секој се бори, секој настојува да се искачи на брегот на спасот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Навистина, кога ќе погледнеш околу себе, мал е бројот на оние кои веднаш им се покоруваат на тешкотиите.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Ако видеше нешто дома кај жените што не ѝ се допаѓа веднаш им кажуваше на мажите, па така жените немаа доверба во неа.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Мирче, онаков мирен и добродушен, па уште и кога го чу гласот на деда Бошка, веднаш им отвори.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)