веднаш (прил.) - дека (сврз.)

И таа почна: Сираче!… но без смисла и жар, брзаше весело. – Ајде сега ти Милице, ми рече, а јас почнав полека да рецитирам, внимавав на точка, запирка и видов веднаш дека на учителот му се допадна, но сепак рече: Ќе видиме кој од вас двете ќе настапи.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Од друга страна крштеничето насети веднаш дека под белите коси на кумот се крие наивна детинска душа.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Го познав веднаш дека е Младичот и се замешав во симнувањето, но тој веќе беше мртов.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Потоа сврте десно и замина со тежок чекор, без да забележи веднаш дека оди во погрешен правец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Кире!! Кире!!! –викаше силно. Кире, се пробуди, збунет од сон се тресе, се досети веднаш дека за детето го вика.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)