веројатно (прил.) - би (гл.)

Жилетот веројатно би можел да пристигне скриен во неговата храна, ако воопшто му донесат храна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ролан беше голем преварант! Не рековте така вие самите, Иван Степанович?
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
А можеби Ролан Јаковлевич навистина самиот кренал рака на себеси, како што рече Ракоткин!
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Убиецот веројатно би тврдел дека воопшто не бил на местото на злосторот.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
На Винстон му пролета низ главата мисла дека веројатно би можел сосем лесно да се изнајми собата за неколку долари неделно, само кога би се осмелил да ризикува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Веројатно би било поточно да се каже дека станувајќи постојана, војната престана да постои.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)