веројатно (прил.) - потекнува (гл.)

Постојано сретнував Американци, можев совршено да го читам планот на Њујорк, го знаев на памет и возниот ред на американските возови, бидејќи од таму порачував каталози, тоа беше моја најомилена забава.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Ова мислење веројатно потекнува од Англија, бидејќи шесте филмови што ги направи во текот на тие четири години - покрај Станар (1926) и Уцена (1929) - без сомнение се и осумте најдобри филмови кои се остварени во таа земја: таква виталност, инвенција, јачина на личноста и чувство за филмскиот јазик не достигнал ниту еден Англичанец ни дотогаш, ни оттогаш.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Беше спомнато и тврдењето дека записите на Монахот, кој и самиот веројатно потекнувал од реканскиот крај, не треба да се поврзуваат со сенките- вампири што со векови ги населувале приказните од пределот Гора.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Комисијата за проучување на заоставштината на Г.М. на И. , составена од наши еминентни стручњаци, по деталното разгледување на обликот на буквите, како и на мастилото, заклучи дека записот на првата страница од жолтата тетратка веројатно потекнува од младешките денови, пред доаѓањето на младиот мајстор во Градот.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)