веројатно (прил.) - да (сврз.)

Веројатно да го пополни колебањето дали и каде да седне, заклучи авторот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Жената си отиде, веројатно да се обеси некаде, а тој не ѝ го знаеше ниту името.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
- При овие зборови Смокот подзастана веројатно да земе воздух, а потоа продолжи - И во тој напор да ја изврши докрај задачата се случи твојот син да доживее да стане херој, мајче Босо - ја извести со траурен глас другарот Ѓорѓи Смокот и силно ја гушна!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)