вечен (прил.) - млад (прид.)

Не знаеше дури ни како дојде до овој вечно млад поток, сврзан со спомен на тага уште од детството.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Легенди денес, Пирин, се шират за Јане, борци, убост и лад, - колку си, колку прекрасен Пирин и вечно убав и вечно млад!
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
На нашата љубов и беа потребни само неколку прекрасни години, искрени и длабоки чувства, солени солзи, за да остане вечно млада, убава, расцветана.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Таа љубов прави повторно да се родиме, да се издигнеме над болката.
„Жонглирање со животот во слободен пад“ од Сара Трајковска (2012)
Не знаеше дури ни како дојде до овој вечно млад поток, сврзан со спомен на тага уште од детството.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Потоа животот на З се претвори во спиење меѓу корици; дремење без надеж дека некое дете, некаде, некогаш, повторно ќе погледне во неговите вечно млади румени образи.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Во сонот успаното Езеро е со лице на дете! но штом пред волшепствата на муграта насмевот ќе му се назбере се престорува старец: дедо или прадедо на вечно младите води. …
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)