вечерва (прил.) - во (предл.)

Ете, ме донесе тој едноногиот вечерва во вашето село и ќе ми прошчавате што ви го расипа ќевот, ама, ете, секој со занаетот.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Дошол Арсланбеј, мудурот од Витолишча, да види џекои давии на селаните и да се прошета, a со него само Селимчауш и еден заптиа, ама Селим отиде вечерва во Градешница, та мудурот остана гостин на Сивета само со заптиата — му објасни Бендерот на Тодора и овој си тргна, та отиде да ги утеши своите гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Една вечер, божиќни пости, Толе седеше со Јована и некои други Јованови другари, кога во кафето, од маса до маса, се пронесе тивок глас дека војводата Гоце Делчев ќе дојде вечерва во кафево да се види со своите пријатели и да проговори некој и друг збор.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Си помисли дека тоа ќе го направи утре, а можеби уште вечерва во некоја подруга прилика.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Мојот корен и неговиот, оставен вечерва во туѓа постела.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Брат му на тој Германец не стаса да стрела вечерва во мене и јас не стасав да го спуштам столот врз неговото теме. Во тоа е се.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Го сретнав вечерва во твоите мисли.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Си заборавила на телепатијата? – се изненади Игбал.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
КИРО: (Станува) Дојдете со брат ти Михајло вечерва во куќава на Кир Панајотис, грчкиот трговец. (Вади парче хартија) Ова е за движење ноќе. ЕВТО: Зошто?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ако вечерва во огнот полета и некоја книга повеќе, нема да има толку голема штета како кога во огнот би била фрлена една премалку.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Додека зборува, од неговото лице незадоволството исчезнува, се појавува насладата од постигнатата цел: „Дојди вечерва во театаров - ќе се потрудам да ви раскажам кој бев и кој сум всушност!
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Лекарот ќе дојде вечерва во осум“, рече таа и излезе.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)