веќе (прил.) - сме (гл.)

Веќе сме наседнати да конферираме, а крај нас едни двајца се размавале со мечовите и секој час треба да се види кој кому ќе му ја отсече главата.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Соколе решува да побрза со грозјебрањето, веќе сме кај Богоројца, скубнува негоде-годе по некое зрнце - зрело е, слачно, би можело уште малку да дрочи, Но што вреди кога арамии го берат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„Те молам, мамо, не плачи. Не можам да си простам. Толку големи грижи ви сторив. И трошоци.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Вчера бевме многу исплашени, а денес веќе сме подобро...“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Автото е расчукано. Што ми требаше да се здружам со Џеронимо?“
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Главно е сега да и довардиме главите, та за главабашии, буљукбашии сете веќе сме печени, — му одговори Толе и ги раздели на четири чети: — Еве ти, Стојо, земи и виа твојте орленци, марулчани, мојте крушевчани и чанивци пет шест души, и држи а Маргара, до кај Будимеш.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
— Е, веќе сме во Бугарија, Мишо! —рече Толе и уште подлабоко издивна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
И уште истата ноќ и тој се раздели со Стоја и Петка и тргна со Андона кон Крушевица, откаде го зеде со себе помалиот свој син Велјана да не падне и тој во рацете на агите, како постариот Трајко кој веќе, заради татка си, беше затворен пред една година.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Филмската популарност - измама? Стара пропагандна вистина е дека не постои медиј или тип на комуникација кој не може да се искористи за пренусување на рекламна порака.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
На многу класични средства (ТВ, радио, весници...) веќе сме навикнати.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Методата на рекламното делување позната како “product placement” или “prod- uct tie-in” се состои во презентацијата на производот во еден филм или ТВ-серија, но така гледачите да немаат впечаток (да не знаат) дека станува збор за реклама, бидејќи појавувањето на производот е дел од самото дејствие на филмот!
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Во сосема пореметениот, испокршен свет се мешаат фрагменти од поранешните и сегашните режими, мелодии што еднаш веќе сме ги чуле, но во некој нов аранжман, симболи кои веќе сме ги виделе, но во некој нов дизајн.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Dans le bain (буквално: во бањата), секако е идиом во вистинското вплеткување во нешто, така што, само што сме продреле во спиралите, веќе сме вовлечени во првата фаза од нејзината имплицирана вулгарност, па неизбежно и во сексуалните конотации на целата фраза.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Доколу веќе сме утврдиле дека во прометејската етапа на историјата, напоредно со огнот постоел и говорот, сигурно е дека секој творец си има своја прометејска етапа, прометејска етапа на неговото сопствено битие: огнот на неговата прва средба со видливото и со говорот што тој оган го произнесува запретен некаде во потсвеста, моќна да го преобрази видливиот и присутен свет во имагинерна, трансцедентна верзија на некогаш веќе постојното.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Таа се храни со своите жители и со сончева светлина, пие од водата, од дождот, која ние еднаш веќе сме ја пиеле.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Според него, ние веќе сме стапнале на крајот од историјата, всушност веќе се наоѓаме од онаа страна на историјата.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Впрочем, крајот и не е - како што се веруваше во традиционалните претстави за апокалипсата - толку драматичен и полн со настани, туку се случува нечујно - не сме ни забележале дека веќе сме од онаа страна на крајот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
На Месечината веќе сме биле. Знаеме што има таму.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Тоа е опоменувачка метафизика, разбирливо е што е она што ја обликува технологијата, и кога еднаш тоа ќе ни стане јасно, веќе сме надвор од тоа, и размислуваме за богатството на нашето телесно постоење.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
4.5 Минаа векови и веќе сме друго Во сенката на ова дрво.
„Век за самување“ од Веле Смилевски (2012)
Но веќе сме во станот на Виктор.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Заборавив да спомнам, Милошевски носеше два белега од минатото: едниот го беше задржал самиот тој, мислам на брадичето, а вториот му го беше сочувала можеби и наспроти неговата волја онаа позната човечка навика, да го паметиме она на кое еднаш веќе сме навикнале, а него прилично време го викаа попе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Летот не смее да се прекине. Благиот лет на пролетта. – Но веќе сме во јули – реков тивко.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Туширање (ај, кога веќе сме голи). Блажен сон или кратка пауза. Нешто слично како по напишана песна.
„Три напред три назад“ од Јовица Ивановски (2004)
Ние веќе сме на нашето одредиште. Следи ја ситуацијата и јавувај. Толку.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
САРА: Ова е мојата соба. Се запознавте со мене пред само два часа, а веќе сме сами во мојата сопствена соба.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
- Па ние веќе сме другари.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Човекот со кравите одамна беше отиден, но детето го гледаше со своите мисли, на истото место, на ист начин и ги слушаше неговите топли зборови: „Па ние веќе сме другари.“
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Дени е цар! Нему никогаш не му е досадно да нè забавува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Многу сакав да одам со нив, оти веќе сме летувале заедно во тој состав во Маврово и ептен убаво сме си поминувале.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)