веќе (прил.) - стане (гл.)

Ако мозокот веќе станал жртва и дел од сексуална експлоатација на разноразни западни или наши политичко медиумски садисти, ред е да им се пружи отпор и да им се каже СТОП, ДОСТА Е...
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Но Никола беше веќе станат. Не чекајќи ја жената, излезе од одајчето. Закрцкаа скалите.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Дедо беше убав висок човек кој сѐ уште носеше селски алишта што веќе станаа реткост и за селото.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Замислувавме, разговарајќи за неа толку често, дека еден ден ќе ни се врати со рогови, веќе станата елен третјак како што ги викавме елените кога ќе дојдеа со полна снага и ќе имаа најмалку по три чатали на роговите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Големиот број дигнати раце покажува дека повеќето момчиња веќе станале апсурдни; но тие немаат избор.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Кои веќе станале оддеци и сенки.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Границите на Бугарија за него веќе станале тесни.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И борбата продолжи. Ибн Бајко веќе стана писар-граматик на папуџискиот еснаф, а таа - не, па не, само на еден колец се држеше.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
И во однос на ЕАМ се сметало дека во средината на 1944 година веќе не „би било можно…да ѝ се даде екслузивна поддршка на ЕАМ“, особено во моментот кога „грчкиот премиер се согласил да прими во Владата нејзини претставници и да ја вклучи ЕЛАС во Националната армија“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Но, според британските експерти, во средината на 1944 година, штетите веќе станале очигледни.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Еднаш отишол дедо Доне да го посети, но прадедо ми не си го познал синот (мојот дедо) бидејќи кога го оставил тој бил момче, а кога по долго време го видел тој веќе станал маж.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Жена му беше веќе станата, а како воопшто да не легнала.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
А човекот се уште мисли дека светот веќе станал совршен, тркалезен и зрел, бидејќи земјата е во својата зрела возраст – рече старецот.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Преживуваше зобајќи ги со гадење затворските дневни оброци со помош на приборот закачен за дрвената маса, додека погледот постојано ѝ беше закован за литографијата на генералот Франциско Франко, која од височина владееше со мрачната средновековна трпезарија.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Никој не знаеше што да му каже, но секое јавување ја зголемуваше неговата беда, зашто неговото љубоморно дивеење веќе стана познато меѓу непоправливите ноќни птици од Мартима, па почнаа да му одговараат со секакви досетки што го наведуваа на страдање.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)