веќе (прил.) - стигне (гл.)

А и јули беше веќе стигнат до втората половина и многу од нив се веќе на езеро, на планина, по селата... Здодевно!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Поминаа Мишко од тринаесетти и Ане од деветти кат, ме поздравија патем и си заминаа некаде кон „Млечен“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но и тоа трае само за миг, всушност, како непосредно пред мојата порта да се отвора дворот на мојот болен пациент, веќе стигнав таму; коњите стојат мирно; снегот престана да паѓа, околу мене месечевата светлина; родителите на болниот итаат низ куќата; сестра му по нив; речиси ме креваат од колата; од нивните збркани зборови не можам ништо да разберам; во собата на болниот воздухот одвај може да се дише.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ја отворам и барам меѓу моите инструменти; младичот, сепак, ја подава раката, посегајќи кон мене за да ме потсети на моето ветување; ја дофаќам пинцетата, ја посматрам на светлината од свеќата и повторно ја враќам на нејзиното место.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Бидејќи сите овие подготовки беа направени кај свадбарите навреме, затоа ги видовме на сретсело да одат по невестите и, ене ги, веќе стигнаа пред портата на Рожденката.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)