веќе (прил.) - нѐ (зам.)

Веќе нѐ привтасуваат од Кожанско, од Солунско, се јавуваат и првите пукотници.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Дали тоа е доволно силно сите да нѐ одвлече на неповратен пат (или веќе нѐ повлекло по тој пат), тоа мораме да го искусиме сите ние во кои сѐ уште останало разум и вистинска, некористољубива грижа за судбината на народот, судбината на сите народи на просториве и, пред сѐ, секој поединец - бидејќи, ослободениот поединец е залог за слободата на народот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Стоевме веднаш до “Распетието”; на него немаше никакво ветување: на лицето на Исус само помирување со ужасот, на лицето на неговата мајка – ужасен очај.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Рече: „Ана веќе нѐ чека.“ Се свртев кон ѕидот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Го претепа, и јас и Земанек го изнесовме од училиштето (подоцна Фисот беше сменет поради тоа и доби укор пред исклучување и од Партијата, но веќе сѐ беше готово, оти Лудвик веќе нѐ беше напуштил); тој го замоли Земанека да претрча до кај него дома, да му земе една торба со алишта и да му го донесе саксофонот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Толку беше касањето, велат, веќе нѐ оставија.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)