веќе (прил.) - за (предл.)

Та тој веќе за секое девојче в село даваше разни оценки: ваква е Јана Даскалова, онаква е Велика Балева, таква е Трпа Шишева.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Уште не му беше ни распаднато телото на Сандри, а веќе за него се говореше, првин по градските маала и низ нахијата, а потоа и по цела Румелија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Во крчмата под балконот музичарите по стопати им ја пеат на туристите Ел кондор паса а локалните бунтовници покажуваат со погледот кон тенкот пред претседателската палата, шепотејќи ги пребројуваат коските во Сан Франциско и веќе за утре го најавуваат формирањето на највисоката комисија за испитување на потеклото на солзите и на тишината.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Молчи. И молчи велам, ти снебиден веќе за туѓи очи, молчи, над својата малечкост питома заспи и мисли лош сон си сонил, лош глас си чул, ти не си тој што може друг да си и да не се плаши.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Не зборувајте ми веќе за старите нешта, тие се мртви. Како Американката. Мртви.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Уште до половината година ги научи сите букви, а веќе за броење и сметање знаеше до сто и турски, та дури и грчки.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)