веќе (прил.) - готов (прид.)

Кочо се подума малку и беше веќе готов да се согласи, кога одеднаш се јави женски глас од зад него: - Ако нема каде, нека дојде момчето кај мене.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
- Ќе си читам нешто – рече таа и беше веќе готова да тргне.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- И моите не се ништо послаби, - му дофрлив јас гордо, веќе готов да му рипнам на пубертетлијата кој од сите најмногу ме нервираше, кога Абраш ме фати со неочекувано силен стисок на раката, ме повлече кон себе и предложи: - Немој, кога ти велам.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Европа и Русија настојуваа да се изработи план за реформи во Македонија и во 1882 година тој план беше веќе готов и ќе се настојуваше да се воведе, кога „новиот политички фактор на Балканот” го кажува своето вето и наместо реформи – сака за Македонија бугарски владици.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Бевме веќе готови да излеземе од куќата, го подготвувавме стадото и нешто друго што имаше останато во куќата кога дојде Цале Ангеловски кој ни паѓаше некој роднина, но не знам што, и му вели на татко ми ...а бре Митре да не си полудел, кај ќе оставиш татковство и ќе одиш во друга земја?
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
- Ајде нешто да смислиме – предложи Мила. – Мене ми останува само уште еден и пол час, знаете дека морам да сум дома во седум и пол.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Вечерата е веќе готова.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во умот ненадејно му се појави, веќе готова, претставата за извесен другар Огилви, кој неодамна го загубил животот во битка, во херојски околности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)