веќе (прил.) - ист (прид.)

Потоа -Ти не си веќе ист, ми рече. Нешто те изменило.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Но, веќе истиот момент, како на успорен филм, на човековото лице љубопитноста се замени со гроза и раката убиствено ја зграпчи патерицата...
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Веќе кога најдов молив стихот како да не беше веќе истиот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Полека ја притиснав буквата Ј. Како што ја притискав, онаа цртичката што трепка ја бришеше и само си се враќаше на истото место.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си мислам дека Дејан утре ќе си оди, ќе го видам без завој, нема да бидеме веќе исти.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Си реков, кога ќе ја видам оваа длабнатинка ќе се сетам на овој ден.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)