веќе (прил.) - подготвен (прид.)

Внатре, седнат на столот од работната маса, седеше веќе подготвениот матичар.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
За веќе подготвени пет книги “Темплум” деновиве треба да добие уште три илјади (3 000) ам. долари.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со веќе подготвена приказна требаше да ја избегне својата "егзекуција".
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Така верувала мајка Клементина кога се нашла пред Лазаристичкото училиште, односно женскиот манастир, со малечката Ервехе за рака, веќе подготвена да стапи во новиот живот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Томе за в сабота да обезбедиш неколку „доброволци“ за пресадување, почвата е веќе подготвена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Моите париски домаќини, овдешни долгогодишни работници, кои веќе имаа деца што одат на училиште, или се веќе подготвени за тоа, велат дека би сакале нивните деца да го знаат нашиот јазик и нашата историја и дека во нивните домови бараат да имаат катче од убавините на родниот крај и да ја слушаат „Билјана платно белеше...“
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
ХХ , со веќе подготвен одговор прифати: - Како што можевте да видите и уште ќе видите нашата земја, покрај бодликавиот тел, ја оградивме и со бетонски бункери.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)