веќе (прил.) - овде (прил.)

- Ќе дојдеш ли со мене, кај мене дома, - ме праша Марина кога бевме кај првата раскрсница, - јас не седам веќе овдека, се преселивме со баба ми, - ми рече таа.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Само да не му даде Бог мисла пак негде да бегаме, кога веќе овде, крај Езерото, добро се загнездивме, си шепотеше Мајка повеќе за себе.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
И не доаѓај веќе овде.“ Отец Симеон се потпре на ѕидот и ги склопи очите.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Забележав дека Јана не е веќе овде, иако до пред малку стоеше покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)