веќе (прил.) - таму (прил.)

Таа го држеше клучот и низ дебелите стакла од очилата гледаше да не се сопне по скалите.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога по неколку секунди се вратив во тоалетот, тетка ми не беше веќе таму сама - Кристина тукушто беше влегла и рекла „што смрди вака гадно?“ а потоа, кога јас веќе бев зад неа, „леле, што се случило?“
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Би сакала кога сме веќе таму, да ги видам и катакомбите под Тврдината, - му се обрати Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Со мислите се веќе таму, во бригадите, кај што се бие страшен бој, кај што стануваат чуда, се уриваат карпи и брегови, а мочуриштата како лопата некој да ги црпи, ги снемува од плодното поле.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
А кога веќе почна разговорот за смоларата, тежината на летната запара исцеди од челуста на Отец Симеон решеност: „Не се враќам веќе таму.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Човештвото сега нема потреба да ја знае тајната што јас ја открив зашто сите се веќе таму, односно тука каде што сум јас.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мануш се врати нерасположен, со црвени очи од замор и сонце и плашливо го протресе за рамо. „Брат ти не е веќе таму“ му го подаде стутканото писмо.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Само што дојдоа, девојките оттрчаа во градината да се видат со сестра им Пандора која беше веќе таму со мажот и бебенцето од една и пол годинка.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)