веќе (прил.) - тогаш (прил.)

Во тоа време секој кој се интересираше за оваа област внимателно веќе ги беше воочил приказните како што се „Xони Мнемоник” и „Burning chrome” и некои од нас веќе тогаш мислеа дека Гибсон ги пишува најинтересните нови „ствари”, но, никој од тие - најмалку Гибсон - беа подготвени за тоа што се случи.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Бидејќи, можам добро да замислам како, почнувајќи од тој момент, почнувајќи од тој пораз објавен од постарите браќа, младиот Marcel не можеше а да не ги набљудува со сосем други очи оние на кои до вчера им се восхитувал и чии што теории ги слушал, т.е. да не види во Jacљues Villon, вечно облечен во својата аптекарска јакничка, уметник чесен но здодевен, а во Raymond некој чија што мануелна вештина требаше да се презира од истите причини поради кои Leonardo го презирал Michelangelo, бидејќи, на крајот на краиштата, скулптурата „предизвикува потење и замор”, а оној што се занимава со неа „прекриен е со мермерна прашина како пекарски чирак” (8), додека Duchamp-овата амбиција веќе тогаш беше да воспостави некаква метода, или да спои три вида на делување: сликарот, но и интелектуалецот, и конечно, универзалниот уметник, политехничар, да стане најпосле, во својот век, она што Leonardo беше во својот, човек од одреден маниризам, церебрален и меланхоличен денди, на аристократско растојание од општеството и во самотијата на една соба која е поблиску до печката на филозофот отколку до работилницата на некаков си занаетчија.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Подоцна, хаосот е “празен простор” (Аристотел), но веќе тогаш, како и подоцна, сѐ до денес, во преовладувачкото духовно присвојување на постоечкото доминира идејата за ред и детерминација, а хаосот станува неред и збрка.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Она што е битно е дека кралот го откажал концертот и го поканил Бах, кој веќе тогаш бил познат како „стариот Бах“, да ги испроба неговите пијано-фортеа произведени од Зилберман, што се наоѓале во неколку сали од палатата.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Ми блаботи, мршата!... „Good-bye, Ferdinand!, вика, Good-bye! Live well, Ferdinand! Live well!...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Вика, се трга... Се повлекува кон вратата...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Готово е! Ете! Не зборува веќе тогаш! Да му ебам матер!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Но веќе тогаш почувствував дека тој бес и пцостите не се однесуваат само на Милан Бабиќ, дека погодуваат многу пошироко подрачје од она на Книнската краина или дури и од она на политиката како таква.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Имено, таа веќе тогаш, во зачетокот на нивното интелектуално созревање, за нив не претставува никаков релевантен фактор.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)