веќе (прил.) - тука (прил.)

Јас еднаш су излегла од дома и не ми е местото веќе тука.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Христина, како што гледаш, и јас сум веќе тука, во вашето училиште на работа, ако ти е потребно нешто ти само кажи ми.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Во четивото ќе се пронајдат и оние што се веќе тука, што веќе не ни приметуваат дека се ликови од оваа стрипотека.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
МЕШАЕВ: А јас мислев дека тој е веќе тука, кај вас.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, за три или пет години, да речеме, HRE ќе бидат веќе тука.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Поминаа 10 минути како тој кутриот чека на својот ручек!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
А ти, Буки, фаќај магла и не доаѓај веќе тука зашто следниот пат од устата ќе исплукаш не џамлии туку нилски коњ!
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па ни јас не можев, кога сме веќе тука.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Генерацискиот конфликт беше веќе тука.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Во почетокот на деведесеттите (барем во Америка, додека во Европа веќе се најавува зголемената офанзива против, сега за сега, доволно маргиналната појава на националистички поп и рок групи) здружените одреди на родители, религиозни групи, судови, политичари, полицијата и влијателните медии повторно цврсто ја зграпчија грамофонската индустрија.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Денес постои црногледа индустрија, што се грижи за редовен приток на мрачни прогнози за состојбата на популарната музика.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)