веќе (прил.) - да (сврз.)

Но на крајот заклучуваше дека сепак е најдобро, веќе да не ја отвора касата, а да не дава повод други да ја отворат...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Веќе почнува да нѐ фаќа она љубопитство, или нетрпение, земјата веќе да смени.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Да, немаше причина веќе да се копа надолу. На Јована треба да му верувам, знае.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Третиот ден, сонцето беше на заоѓање и Јован требаше веќе да привршува со работа за дента.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Веќе да не ми носите ... - Зошто? Зошто, тетка Анѓо? - Така.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Патниците дојдоа до каленското кладенче и Јован и Толе можеа веќе да ги распознаат што луѓе идат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дождот е благодет. Нека наврне, нека... - зборуваше старецот и изгледаше како веќе да не зборува за луѓето, туку за себе, а и како да беше начисто дека тоа што го зборува не допира до нив.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Грозница или не, ми бучи сѐ уште и толку многу во двете уши што тоа не може веќе да ме научи на кој знае што. Уште од војната ме мавна.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Секој си зеде на нишан по еден и - чекаше. Градите се напинаа до распукнување. Не може веќе да се издржи...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Е баш си крлеж, - го оттурна Горда, како веќе да се потпикува во неа, и заводливо насмевната отиде во кујната да ја подготвува ладната вечера.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Гого и жена му го запознаа девојчето кога дојде синот дома да си ги собере пљачките, а после останаа да се тешат: Гого наоѓаше оправдување за неговиот наврапит (по него) и непромислен (по неа) чекор, во тоа што детето, односно човекот, сака веќе да се осамостои, да застане на свои нозе и да заснова свој дом, па и да се оттргне од влијанието на таткото како сликар и просто да излезе од сенката на неговиот авторитет.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тоа е прашањето: „Зошто веќе да не дојдат играчките и – темјанот?“
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Тука Фисот не можеше веќе да се воздржи и фрли со тешкиот часовник од масата по мене; часовникот удри една педа од мојата глава, во ѕидот и направи пристојна дупка; рече: „Ти признаваш сѐ?!“ Јас реков: „Да“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
А некој од нив рекол: „Да го отковаме ковчегот и да видиме дали е уште цел, или нешто почнало веќе да му се одзема.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Тој се противеше; велеше дека не сака да ме остави сам, се плашеше да не налетам во Велес на Фисот и Луција, и Фискултурецот да не ме претепа; јас му реков дека тоа е моја работа и дека немам што веќе да изгубам.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Сето тоа ме истоштуваше сѐ повеќе и чувствував дека не можам веќе да стојам на нозете.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во еден миг, додека стоеше потпрен до едно од тие стебла, реши дека ќе продолжи напред сѐ додека тие просенувања не му се доближат толку многу, за да му го стеснат кругот така, што веќе да не може да пречекори од нив.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но, рожбата на онаа набиена темничина, која знаеше и толку да уплаши за веќе да не постои никаков завет, зад кој би можело подлабоко да се засолне, тоа животинче, што сега ќе беше уште една жртва на сета расплисната и ненаситна глад, што се клештеше со своите завивања по сета снежна пустелија надвор, ако не беше неговата врата, тој долгоушко, со своите кревки, растреперени високи ножиња, не можеше толку бргу да го заборави оној, што беше останал да крчи од другата страна на вратата.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Ќе го имаш пак само доколку си останал без тоа негде блиску, за да можеш да се повратиш; но ако си одел без тоа толку долго, за веќе да си имал време да ја свртиш браздата на твојот живот во сосема друга насока по која што те повела таа твоја загубена рамнотежа, тогаш повеќе ни еднаш нема да бидеш во состојба да го побараш и да го најдеш.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Не, мила моја. Јас само чекам времињава да се смират, ќе појдам во Америка и не ќе сакам веќе да знам ниту за Луков, ниту за сета оваа врескотница што ја крчмиме на дребно како борба за Македонија.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Кога Трајан го крена и го гушна, Маруш му рече: „Ете, внучко Трајане, го нема веќе Висара... Го нема веќе да го земаш и да го шеташ по езерото...“
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Го фаќаше Бандо Трајана за раменици, го фучеше во орото и му велеше: „Кајафиле-тријафиле, чуклец-муклец: не штипи повеќе по девојките, немој веќе да крадеш - ноќеска живо месо ќе јадеш...“ му намигнуваше кон Царјанка.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
А нашата кралица, што на работа ни правеше „штимунг“ (ете, пак германски збор), играше со другарките и марамчињата порабени со парички, весела и насмеана и преубава; нема веќе да нѐ собира пред дуќан, варејќи ни кафе секое утро.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
И, сѐ беше преубаво, до моментот кога мајка ѝ не можеше веќе да го поднесе тоа што невестата не сакаше да бакнува рака по цела сала туку, по скопскиот обичај, помина со сребрени чаши, полни со шампањ, наздравувајќи од гостин на гостин.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Нема веќе да има потреба од: разумни одлуки, исплатливи инвестиции, детални објаснувања, големи планови ни од автомобил, оти нема да има кај да се оди, ни од часовник затоа што времето ќе престане.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Не е способен веќе да избега од потполната очаеност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И почнува веќе да зборува: „магарешките сливи магаре ги посадило, може од голушката на магарешки измет никнале“ , зборува и веќе не знае што зборува, се губи човекот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Зар нема веќе да ме поризаш, зар вечно ќе ми бидеш лута?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
На Ѓурѓовден заклале со благословен и пренаточен срп криворог брав на прагот на великолепната воденица, не помала од онаа на бегот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
- Се спогодуваме како Онисифор Проказник веќе да загинал.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Со крвта на животното ги испрскале воденичките камења, крв веќе да не се пролее од нивни орач и жнеач и скоро сосила довлекле однегде мијачки живописец, со секакви бои да ја забележи на внатрешните ѕидови историјата на покладарите, нивниот пат од Кукулино до Лесново и назад, со завршна сцена во која Онисифор Проказник ги подава исусовски пребелите раце кон куп воскреснати луѓе, од набожни причини со крилја и со голи бакрени стомаци под спокојно прекрстените раце, сите до еден, дури и малоумниот Јаков Иконописец, сликани според опишувањето на нивните мајки, жени или синови и секој над глава со напишано име.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Потоа покажал кон попот. - Натерај некоја од жените да му меси леб и испрати го до под Црн Врв.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Иако секогаш мислел дека светот со секое утро треба да се менува, не само закоравениот ред туку и сè во тој ред, од мирис до звук, од светлост до облик, сега се побунил.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И веќе да не го видам.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Рада не можеше веќе да се воздржи. Поројот солзи извираше од нејзините очи.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
А кога ќе отидеш без среќен ти пат, не ќе ти текне веќе да се вратиш. Најпрвин мантијата.“
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Гласот на модерната жена! Мене ми е многу жал, но не можам веќе да си имам работа со кукавици.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Наеднаш нешто се смени. Времето како да запре. Како веќе да немаше ништо.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
„Треба да мирува, уште не е оздравена. Додуша, до сега требаше веќе да му помини. Скоро четири месеци како е болна.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Едно време се реши, ја пушти раката кон мене и ме стегна кај лактот. Вели: Немој никогаш веќе да бегаш.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Да, така. Методија не можеше да дојде во куќата и да поседи подолго, а јас требаше веќе да знам до каде се работите на гробот.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
По неколку дена Илко не можеше веќе да ја издржи пустината, почна да го онерасположува пустинското сивило, едноличното и здодевно шуштење на тркалата по песокта, блесокот на сонцето што му дупеше во главата, и почна да го фаќа паника и страв од огромното пространство, од безизлезноста.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Се вратив повторно в кревет, легнав, но не можев веќе да заспијам.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Нема веќе да и кажуам задачите кај Старчевото плетче.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но токму тие звуци сега му го параа срцето при помисла дека тоа време нема веќе да се врати.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но кога си помисли на поповскиот живот, на сите оние облаги што ги уживаа поповите, тагата го остави и во душата сети леснина и така радосен си дојде на манастирот и му ја предаде иконата на дедот Сталета со изјава дека не мисли веќе да се главува кај него.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А тука Анѓа ја побара помошта и, не можејќи веќе да се воздржи, писна гласно колку грло што ја држеше: – Намашни, либе Стојане, Намашни Шарка и Мрча, Одбрани, либе, од волкот, Твоето рудо јагненце, – а очите ѝ се навирија со солзи почна да ѝ течат низ темните образи.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И затоа треба да ги разберете дојденците од Македонија Кога севезден се молат Господ веќе да не им испраќа Терсене попови и тужибаби и уште потерсене владики
„Сонот на коалата“ од Ристо Лазаров (2009)
Како веќе да му се имаше вратено на својот занает, како веќе да пишуваше.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Просто се допиваа наместо веќе да го прават тоа што веќе беше очигледно дека таа ноќ ќе го направат. Ќе почнат да го прават.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Не можеше веќе да мисли дека повторува зошто огнометот и отпорот на неговите мисли се слеаја во треска, го полавија.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
И свикнат веќе да се радува на сѐ што е ново и што го немал дома, Зоки Поки си мисли: „Каде ќе го најдам ова? Ах, какво лето!“
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
Ситна работа. Сосема неважна. Но немав сили веќе да се борам.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Не сакам веќе да се вратам... Не е можно повеќе...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во мојот кревет, во другата соба, око не можев да затворам од што ја пцуеше...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не сакам веќе да збори!... Ќе му ја растурам целата муцка...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Оваа ти е Хортанса!... Сигурно! Готово! Таа е!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Го пуштам... Уште една глава која изникнува откај скалите!... од ќошето...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Не беше заврнало веќе два месеци!... Margina #21 [1995] | okno.mk 127 Татко ми кружеше како тигар пред машината...
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Сета стока си похарчил зашто живејал грешно и блудно, и осиромашел, и дошел веќе да се остави от Бога.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Пак зема тесла и отсече ми главата, и не могох веќе да си подигнам главата.
„Избор“ од Јоаким Крчовски (1814)
Не морав веќе да се кријам, па се приближив и видов дека даската е светлокафеава, мазна и светкава, како премачкана со лак.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не беше како некои стари даски по други лулашки: оваа беше заоблена на страните, нова и чиста.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Во осум часот и триесет минути нашите единици во реонот на селото Крчишта мора веќе да имаат создадено силни одбранбени точки со цел да биде заштитена фалангата која во попладневните часови мора да се најде во полето на селата Косинец и Лабаница, а главнината во селото Смрдеш и натаму кон Брезница - Руља - Желево каде ќе бидат пречекани и снабдени со храна и оружје од нашите тамошни единици за што - тој погледна на часовникот - веќе во ова време Кикицас верувам стигна таму и ги дава соодветните наредби...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На дедо не му кажував што ми порачуваше даскалот, а дедо, кој почна веќе да се опоравува од пониженоста, еден ден ми рече: - Чендо на дедо, дојди, седни до мене.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Време му беше веќе да појадува.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)