веќе (прил.) - дека (сврз.)

Тој разбра веќе дека, како толку пати, и оваа ноќ нема да заспие. Така стануваше со него.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Вртеа глави, гии жалеа и повеќе се чудеа што да ги прашаат одошто ги прашуваа нешто, но знаеја веќе дека ова лага не е.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Над сето тоа девојката гледаше со мрштење, не веруваше веќе дека овој со голо теме е поарен од оној нашараниот и накадрен јунак од куклен театар.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Реков веќе дека редовно одев таму, вртев наоколу во местото, се вѕирав лево и десно, но немав храброст да погледнам на дното.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Арсо се убедуваше веќе дека помеѓу нив се стопува различноста и нивните преживувања се еднакви.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
И сигурно е веќе дека ни еднион ни другион нема да можат да се вратат назад за да си го земат пак она заборавеното.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
А веќе дека душата ја фрлив во ќенефот, тоа сега го гледам, но не гледам некој спас.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
„И за ждригање“, си рече Маре, сметајќи веќе дека е одвишно да го изрече.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Знаете веќе дека Зоки Поки живее во многукатна зграда, во центарот на градот.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)