вклучувајќи (прил.) - ги (зам.)

Деструктивните резултати на перформансите, сликите и скулптурите на Yoko Ono од доцните педесетти навака, како и Feu a volonte, конструкцијата на Nikki de Saint Phale од 1961 г., наполнета со вреќи со пигменти што експлодираат застрелани со пушка, демонстрираат дека жените сепак не се исклучени од уништувањето на уметничкиот материјал, вклучувајќи ги тука и површините на нивните сопствени тела, како во перформансите на самоосакатување на Gina Pane.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Па сепак, тој тип на квантитативна разноликост не е еквивалент на стварната диверсификација на дигиталниот текст, вклучувајќи ги тука дистрибутивните мрежи, апаратот за визуелизирање (browser-и, VR hardware и други интерфејси) и посредувачката машинерија (рутери, dial-up протоколи, екрани).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Како што веќе беше кажано и телото на човекот исто така е разбрано како машина, но тоа е зачувано од механичкиот автоматизам со суверената контрола на рес цогитанс.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Иако функциите на човечкото тело се механички, однесувањето на човекот, во најширока смисла, вклучувајќи ги тука сознајните и волевите активности, не може да се објасни само со поимите на материјата и движењето, туку бара и други одредувачки атрибути- ментални (духовни).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Компјутерските фонтови се индикации за типот на технолошката сложеност којашто дозволува широк варијетет од форми, величини, дисторзии и типови повишувања.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но освен малкуте тврдокорни партиски кадри, сите други, вклучувајќи ги тука и вишите и нижите службеници, скришум, да не видат другите, се снабдуваа со козјо млеко и млечни производи.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
2. Методата со која се користи Мејл-артот (неговиот јазик) е јазикот на секојдневието вперен (во форма на поштенски „ракети“ чиишто глави се наполнети со фантазија) кон глупоста, лицемери­ето, еретичноста, идеализмот, идеологијата, анархијата, моралот, татковината, религијата, политиката, пазарот, културата, манипулирајќи со сите материјални продукти на технолошката империја, вклучувајќи ги нејзините скриени јазици, тотеми и табуи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Што значи да се биде граѓанин во модерна демократска смисла попрво ќе научиме од пар американски филмови отколку од целата хрватска литература, вклучувајќи ги тука и сите ликови на Крлежа.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Праксата нé принудува сите овие објекти, вклучувајќи ги и нашите тела да ги прифатиме како медиум на информациониот процес.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
По разоружувањето на италијанските единици се проширила и слободната територија во Западна Македонија на просторот: Кичево, Дебар, Струга и Маврово вклучувајќи ги тука и првите ослободени градови: Кичево ослободено на 11 септември 1943 до 1 октомври 1943, и Дебар ослободен на 9 септември 1943 до 16 ноември 1943 година.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Во рамките на единиците на НОБ влегле и антифашисти од редовите на Албанците, Турците, Власите, Ромите и Евреите од Македонија.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Тој ќе нагласи дека “секој Словенски жител на Грција кој се бори против Грците се именува како комитиаџи т.е. бугарски “комита“, што е многу редок случај, како што многу Грци, вклучувајќи ги и образованите, кои би требало да знаат подобро, ги нарекуваат сите грчки славофони „Бугари што тие не се“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Таквите “уметници” (вклучувајќи ги и „поетите“) имаат право само на една “аналогија”: наликуваат на лемурите од сликите на Бош. Hieronymus Bosch Margina #26-28 [1995] | okno.mk 169 okno.mk | Margina #26-28 [1995] 170 Margina #26-28 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Сите Бојсови дела можат да се протолкуваат како обид за враќање и повторно прикажување на почетокот на редот со цел да се избегне длабоката болка која човекот го доближува до смрта.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Општествената димензија на Бојсовото дело - вклучувајќи ги политичките и образовните активности, кои ги сметал за неделиви од својата уметност - го одразуваат неговиот обид другите страдалници да ги запознае со неговата рана и со можноста за нејзиното излекување со топлина.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Со исклучок на старо-латинскиот, сѐ друго во Џармановиот пристап на религиозната тема на страдањето на св.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Изложбата, како што Масуд Кан иронично забележува, е примитивен облик на нарцисоидно задоволување и како таква таа е начин на божемно однесување кон другите и давање, а притоа тоа стварно и не се случува.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Себастијан е ново, невообичаено и радикално, вклучувајќи ги и минималните трошоци за костимите.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Од 1980 год, Џарман многу поинтензивно работи со камера, снимајќи видео, фрагменти, на формат 16 мм или супер-8, филмови или промоционални музички нумери со Мариан Феитфул, Кармел, или Брајан Фери.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Нему му беше позната стратегијата на Мирон Донски во која беа вклучени и неговите непогрешливи историчари кои ги ангажираше во своите проекти, вклучувајќи ги тука, во прв план, и сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
И, така, со вообичаениот повик, на крајот од сите позначајни документи, вклучувајќи ги тука и предлозите за одликување, Мирон Донскизаврши со читањето што требало да го направи кога го ставал парафот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
На филм почнува да работи како монтажер во 1965 година и следните единаесет години ги минува монтирајќи филмови, вклучувајќи ги и многубројните документарни филмови за Централната информативна служба. 1966-та година, започнува да ги реализира своите сопствени филмови.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
КАНАБИС (CANNABIS) Форма: канабисот може да се добие во три форми: марихуана, во облик на растение, вклучувајќи ги цветовите на женските растенија (најважната психоактивна состојка во канабисот е ТХЦ или тетрахидроканабинол, која е концентрирана во горниот дел на растението); смола од канабис (или хашиш), компримиран кафеавкаст или црн прашок кој се загрева и дроби при употреба; и многу ретко, канабисово масло, густа, темно кафена, леплива супстанца добиена кога растението ќе се изложи во специјални растворувачи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Мошне е важно, особено ако се земе предвид општо прифатениот став на еден дел од младата публика којашто има позитивен однос кон марихуаната, иако ретко или никогаш не ја користи, дека марихуаната е во тесна врска со многумина најдобри поп музичари, вклучувајќи ги и Beatles и Rolling Stones.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Студиите можат да бидат генерални или жанровски, вклучувајќи ги и истражувањата на посебните проблеми во преведувањето на поезијата, драмските текстови или либрета и на усвоените проблеми во преведувањето кое се користи во кинематографијата, сеедно дали се работи за синхронизација или за титл.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Други видови на жапчиња, вклучувајќи ги и барските, лачат халуциногени сокови кои се лижат.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Алфред де Мисе (Alfred de Musset) и Шарл Бодлер го објавија преводот на де Квинси, слободно адаптирајќи го оригиналниот текст, вклучувајќи ги и сопствените искуства со виното, хашишот и опиумот.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Всушност, во врска со оваа тема, тој предлага проучување на четири технологии: технологии на производство, технологии на знаковни системи, технологии на моќ и технологии на селф (Foucault, 1988).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
За да го помогне овој процес, кој го нарекуваме “реавторизирање”, терапевтот може да постави многу различни прашања, вклучувајќи ги оние кои може да се наречат прашања на “нивото на акција” и на прашања од “нивото на свесност”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа значи ефектите врз нивните емоционални состојби, односите со семејството и со врсниците, социјалните односи и односите на работа, и т.н., со посебно акцентирање на тоа какво е влијанието врз нивниот “поглед” на самите себе и односите со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Се разбира, невозможно беше да се транспортира оригиналот, кој како и “Големото стакло” е трајно инсталиран во галериите на Музејот на уметностите на Филаделфија.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Индивидуите сега се во позиција да развиваат алтернативни и преферирани индивидуални и интерперсонални односи - контрапрактики.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кога се однесува на редимејдите, терминот “копија” треба да се резервира за оние направени по смртта на Дишан, дури и кога се направени со одобрение на неговите наследници(?).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во согласност со Фуко (1979), практиките на овој облик на моќ навлегуваат и ги фабрикуваат животите на индивидуите на најдлабоките нивоа - вклучувајќи ги нивните гестикулации, желби, обликот на телото, навиките, и т.н. - и тој ги споредува овие практики со некој вид на „дресура“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како резултат на ова, терапевтот е во состојба да ги деконструира одговорите (вклучувајќи ги прашањата, коментарите, мислите), сместувајќи ги во контекст на своите лични искуства, имагинација и внатрешни состојби.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Со тоа што индивидуите ја преземаат задачата за разрешување на таквите мистерии, тие директно се ангажираат во раскажувањето на нарации и во создавањето-значење.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Прво заедно ги разгледавме ефектите коишто anorexia nervosa ги имаше во разните области од нејзиниот живот - вклучувајќи ги социјалните, емоционалните, интелектуалните, и ­секако, физичките.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Под “терапија” тесаурусот дава список со околу 40 термини, вклучувајќи ги “противотров”, “лекување”, “лек”, “медицина”, “рецепт”, “помагало”.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тој смета дека централниот механизам на овој модерен облик на моќ е продуктивен, наместо ставот дека тој е контролирачки или рестриктивен, - животите на луѓето всушност се формираат преку овој облик на моќ.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Терапевтите можат да ја доведат во прашање идејата дека поседуваат објективен и непристрасен опис на реалноста, и да ја поткопаат можноста дека индивидуата ќе биде подложена на наметнување на идеи, со поттикнување на клиентите да ги интервјуираат во врска со интервјуто.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Иако во овој текст јас го следев Фуко во истакнувањето на технологиите на модерниот “позитивен” систем на моќ, верувам дека и другите анализи на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на Бурдиеовите мисли за структурата на социјалните системи на моќ и конститутивните ефекти на овие структури врз животните ставови, се многу релевантни во разгледувањето на секојдневните ситуации со кои се соочуваат терапевтите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Така, индивидуите се okno.mk | Margina #4-5 [1994] 47 повикани да го скицираат влијанието што тие “погледи” или перцепции го имаат врз нивните животи, вклучувајќи ги тука и нивните интеракции со другите.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овој проблем ја измачува веќе подолго време и се опира на многуте обиди за негово разрешување.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Техниката на разгледување на имплицираните опозити се чини не укажува брзо на нешто корисно или интересно, па затоа јас пробав поинаков пристап.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сепак делото беше адекватно репрезентирано со голем број подготвителни работи (вклучувајќи ги претходно споменатите цртежи), како и со еден прекрасен колаж на фотографии од ФМА (позајмена на подолго време од Мадам Дишан) и тродимензионална рељефна студија изработена во кожен пергамент од Moderna Musset.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Во терапијата, заедно со овие луѓе јас учествував во спротивставувањето на различните практики на моќ, вклучувајќи ги и оние кои се однесуваат на: (а) технологиите на селф - самопотчинувањето преку дисциплина на телото, душата, мислите, и однесувањата во согласност со утврдените начини на постоење (вклучувајќи ги различните делувања кои ги обликуваат телата според карактеристиките на полот); (б) технологиите на моќ - потчинување на другите преку техники како што се изолација и надзор, и преку постојано вреднување и споредување. 60 Margina #4-5 [1994] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Сите овие категории понатаму се компликуваат од фактот што некои копии се направени врз база на одредени реплики, вклучувајќи ги и оние од едицијата на Шварц.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Но ние би требало да си ја замислуваме меморијата попрво како механизам за генерирање на тековните перформанси, вклучувајќи ги и свесните мисли и акции, засновани врз минатото искуство.“(стр. 187) Важно е да се нагласи дека „заднината“ во Серлова смисла не е систем од правила.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кој тука е брег а кој Мухамед, за многумина е енигма, вклучувајќи ги како rock така и country верниците.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Скорешната философија, вклучувајќи ја и Деридината, ни помага да ги согледаме практиките и идеите (вклучувајќи ги и патријархалните практики и идеи) ниту како природни ниту како неизбежни - но тоа е сѐ што таа прави.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Стрес тест, тест за алергии, тест за рефлекси, текст за капацитет на белите дробови (дував во жолти балони сѐ додека не пукнаа, потоа во една машина со големина на Хамондовите оргули), рендген, броење на спермата, и густо отчукан прашалник на дваесет и четири страници со поглавја за анализа на соништа, генеалогија, логика и заклучување.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Активирањето на таканаречената десна мозочна хемисфера ги елиминира последните табуа околу разбирањето на Хаосот и обезбедува практична основа за Margina #32-33 [1996] | okno.mk 31 филозофијата на хуманизмот - поттикнувајќи нѐ да се здружиме со другите за да создадеме наши сопствени верзии на Хаос. ...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Помладите возрасни поретко ќе поддржат забрана на книги во јавни библиотеки или отпуштање на професори затоа што се хомосексуалци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Почесто ќе бидат на мислење дека женското движење имало “добро влијание на државата”.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Барај и пребарувај ги своите интимни банки на генетска меморија, Стариот завет на твоите ДНК-РНК, вклучувајќи ги, ако сакаш минатите инкарнации, Јунговските архетипови и застрашувачките пре-инкарнации на која било иднина што можеш да ја замислиш.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Напиши го твојот сопствен Најнов завет, имајќи на ум дека доброволното мачеништво е невкусно, а распетијата, како и нуклеарната војна, можат да ти го расипат денот.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Прво ме премери вклучувајќи ги прстите, горната вилица, черепот, пенисот и усната школка.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Потоа ректален преглед, па ЕКГ и анализа на урината. Па тестови.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
ХУМАНИЗАМ: НАВИГАЦИОНЕН ПЛАН НА ИГРАТА Теоријата на хаос ни овозможува да ја вреднуваме нашата задача: разбирање, уживање и славење на волшебната природа на целиот универзум - вклучувајќи ги тотално лудите парадокси внатре во нашите мозоци.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Неговите судови се, разбирливо, честопати нагласено претерани и еднострани (прашање е дали младината навистина така сама од себе разбира дека составен дел на културните пораки се и претерувањето и шокантноста), а и покрај тоа бројните податоци што ги наведува се мошне важни за расправата за ефектите на популарната култура: “Според податоците на ревијата American Demograph- ics, помладите возрасни се полиберални од своите родители - вклучувајќи ги и припадниците на бејби-боом генерацијата, од којашто произлегува поголемиот дел од денешните новинари на централните медии.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ваквиот заклучок се наметнува без оглед на употребениот јазик за составување на описот, вклучувајќи ги тука и сите научнички јазици на математиката и компјутерските програми.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Целата нејзина површина ја поделивме на делови, означувајќи ги со броеви, за да не биде изоставена ниту една површина; потоа внимателно ја испитавме секоја педа, вклучувајќи ги и двете соседни куќи, пак со помош на микроскоп, како и претходно.“
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Меѓутоа, многу од оние што се наоѓаа во првите борбени редови, вклучувајќи ги и полицајците, државните обвинители и свештениците сега сакаат укинување на забраната за уживање на лесни дроги.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Некои личности како што се Вилијем Бенет (William Bennet), кој своевремено се наоѓаше на чело на кампањата против дрога, ги обвинија „интелектуалците“ поради тоа што воопшто и го покренуваат прашањето за легализација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Присутно беше целото потомство, вклучувајќи ги и правнуците.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Од Фихтеовите Говори кон германската нација до славењето на секојдневната национална стварност во делата на импресионистите, од музиката на Сметана и Дворжак до расправите за еврејска држава на Теодор Херцл, вклучувајќи ги тука секако и делата на националистите на Третиот свет 14 okno.mk како Франц Фанон, можно е да се помисли на многубројните „пробиви” на нацијата во литературата, музиката, сликарството и новинарството.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Ретко ми се случуваше да стигнам пред шифрантот Петар Иваз во амбасадата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мигум ми ја донесе фасциклата со дешифрираните телеграми, вклучувајќи ги тука и циркуларните телеграми, кои се упатуваа до сите амбасади во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ленин ова ќе го оправда со ставот дека отстапувањето од граматичките норми во однос на невештото служење со јазикот, се разбира, вклучувајќи ги тука и заемките, е рамно на партиска девијација во животот...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко, поттикнат од уверливото кажување на Камилски за револуцијата и јазиците, размислуваше еден ден, сепак, да се врати на својот напуштен проект за Историјата на Балканот низ падот на империите, добивајќи нови уверувања дека војната создава широко лингвистичко движење во времињата и просторите.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Океанија ги опфаќа двете Америки, атлантските острови, вклучувајќи ги и Британските, Австралазија и јужниот дел од Африка.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Но во дваесетиот век, наместо оваа права линија, одеднаш се појавува широко поле од нешта кои се нарекуваат уметност, вклучувајќи ги домашните, потоа оние од другите култури, нови технологии како фотографијата и филмот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Секоја Татко­ва книга во библиотеката, вклучувајќи ги тука светите кни­ги, посебно Библијата, Куранот и Талмудот, за кои најмно­гу се грижеше Мајка, означуваше некаква врвица кон го­лемиот излез, кон спасот.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Немаше време ниту да ги тргне неколкуте книги на Сталин и за Сталин, од својата библиотека, со кои веруваше дека ја штити библиотеката од непредвидливите натрапници во библиотеката, ги штити сите други книги, вклучувајќи ги светите книги на Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во почетокот на 1944. година, Дибифе направи збирка од извонредно сликовити и упадливо динамични детски цртежи, впечатливо слични со делата од раните и средни 40-ти.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Уште на почетокот од овој век, многу етаблирани сликари, вклучувајќи ги Василиј Кандински, Пол Кле, Пабло Пикасо, и Хуан Миро беа вистински заинтересирани за детската уметност.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Враќајќи � се повторно на уметноста по седумнаесетгодишна пауза тој се сврти кон детската уметност 1942. токму во горе споменатиот контекст, и кон „art brut”, 1945. година, како што тој ја нарекуваше „работата создадена од луѓе недопрени од уметничката култура”, вклучувајќи ги тука и децата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Тие правеа колекции, ги изложуваа (понекогаш истовремено со своите дела), и што е најважно од сè, присвојуваа некои формални знаци од нив.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кутриот, не ја разбира иронијата, си рече во себе, но сега за прв пат мораше да се огласи: - Другар Горски ве молиме вашите согледби да ги насочите кон живиот свет на Езерото, кон прашања битни за нивниот опстанок, доколку дојде до промени на составот на водата на Езерото, со градбата на хидроцентралите, со менување на текот на блиската река кон Езерото, вклучувајќи ги и јагулите, за што е предвидено да се преземат и посебни мерки.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Ова е разбирливо, бидејќи една од најтешките задачи за архитектурата, како и за колегите од другите професии, вклучувајќи ги и психијатрите, психолозите, социјалните работници и администрацијата, е во потполност да се разбере значењето на она што на здравото лице може да му изгледа минорно и без последици.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Со тоа организацијата на слушниот материјал мора да биде доволно отворена за да може секој да стекне сопствено искуство, одејќи по насоката која сам ќе ја избере, вклучувајќи ги и сопствените сили и резонатори.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Всушност, Америка, со своите пространства, со технолошкиот рафинман, со својата сурова совест, вклучувајќи ги и подрачјата отворени за симулација, го претставува единственото примитивно општество на денешнинава.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Меѓу нив на прво место беше Франсоа Делатр, младиот дипломатски советник за балкански прашања, вклучувајќи ги тука посебно Македонија и Албанија.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, кога го читаме Чехов, забележуваме дека во сите ситуации во кои неговите драмски или прозни ликови комуницираат суштествено и вистински, изменувајќи ги автентичните чувства (а не само зборовите со кои тие чувства наводно се искажуваат или се опишуваат), не зборуваат за некои големи и важни нешта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Еден од најважните (вистински најважни, не само најкомерцијализирани, најексплоатирани, дури и најтривијализирани) несомнено е феноменот на љубовта.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Станува збор за книгите, вклучувајќи ги и споменатите Фрагменти од љубовниот дискурс, кои укажуваат на индикативното скршнување на опусот на почитуваниот автор кој со секоја од нив како с повеќе да се оддалечува од својата професорска, академска авторска фаза (што ја детерминираат неговите капитални истражувања на семиологијата), за постапно да се префрлува накај чистото задоволство во текстот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Меѓутоа, експертите ги предупредиле политичките елити дека не би требало да бидат "понесени од лажниот оптимизам од ваквиот успешен развој на настаните".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во тој поглед, оптимизам нудел постигнатиот договор на Либанската конференција, на која било договорено „ЕАМ и комунистите“ да влезат во Грчката влада во која свое учество би имале сите партии, така што Британците се надевале дека ЕАМ во натамошното дејствување ќе стане безопасен, уште повеќе што било договорено да се формира „национална грчка армија, во која треба да се вклучат сите единици на отпорот, вклучувајќи ги и воените единици на ЕЛАС-ЕАМ“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во таква ситуација, „делови од населението, кои го сакаат тоа, би биле слободни да се префрлат преку внатрешните граници меѓу Србија и Бугарија и на српско-бугарскиот раскол може да се очекува да му се стави крај.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Како четврта солуција ја истакнале можноста „во случај нетрадиционалните, левоориентирани сили да станат предоминантни во Србија и Бугарија, можна солуција за негрчка Македонија може да се најде во комбинација на една јужнословенска федерација, вклучувајќи ги Југославија и Бугарија ... но не со автономија на негрчка Македонија, туку со отстапување на Бугарија на неколку области од источна југословенска Македонија...“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
За секој конструкт се претпоставува дека има специфичен „ранг на прикладност”, вклучувајќи ги „сите оние нешта за кои корисникот ќе ја смета корисна нивната примена”.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
И покрај тоа, психологијата се занимава не само со очигледното однесување, туку и со искуството, вклучувајќи ги и нашите секојдневни свесни акти на интерпретирање и предвидување на настани, и, од средината на шеесетите когнитивната психологија и компјутерската метафора испливуваат како доминантни парадигми.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)