гордо (прил.) - рече (гл.)

По мирната видна поврнина, извртени на грб, се белееја многу риби, замелушени од експлозијата. – Гледаш ли? – гордо рече Беличот, кога почнаа да ги берат рибите.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
„Он е сто процент Адам“, гордо рече Милан и продолжи да го јаде парчето од јагнешкото печено.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)