готово (прил.) - е (гл.)

Ете сега, потстисни го за гркланчето и готово е како 'рскавец. Никој нема да те види. Ќе кажиш: така се роди — и ај ми со здравје.“
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
До година бездруго... па што сакаш, секој ден само со него.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Готово е. Додаде таа. И воздивна.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
- Готово е... полека... уште малку... Напнувај! Напни уште посилно!
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Остави сега, реков. Готово е. Им го продаде Хироши. А сега заборави го.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Зачкрта железо в железо, како болка протече шумот низ клучалката. „Готово е“, се издолжи безглавата сенка.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но знам дека одеднаш, кога мене веќе тоа понижување не ми значеше ништо, па дури почна и да ми се допаѓа, тој се исправи и рече: „Готово е. Чашата е празна“.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
- Внимавај, Бојанчо! Ти се молам! - стрепеше Денко. - Без грижа. Уште малку и готово е!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Додека планинарот се искачува по јажето, тоа може да се откачи и готово е со него.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
- Готово е, - рече Бојан. - Што? - праша Денко. - Те прифаќа.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Готово е, си велам, можеби не требаше ништо да му велам на Никифор.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Готово е готово: Нова Година!
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
Си велам: „Готово е! така ти е! Тоа е катастрофа, џанам!
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
- Готово е, а? Мириса. Чудно некако.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Коле се јадеше и сите нѐ обвинуваше: - Ви велев ли јас да го чукнеме уште еднаш, а вие викавте: „Доста му е. Готово е.“ Гледате ли: ништо не му станало. Молчевме со наведнати глави.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Кога Трајче се наруча, бабата праша: - Тале, готово ли е? - Да, да... готово е! - одговори Тале.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Татко, задлабочен во слушањето, во еден миг, тивко прокоментира: – Готово е со нас! – Со кого е готово?
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)