далечен (прил.) - патување (имн.)

Тешкото и далечно патување од Македонија до Мурзук, непогодните климатски услови, и, општо земено, тешкиот заточенички живот, немањето на медицинска помош, го расклатиле здравјето на мнозина македонски интернирци.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Одеднаш, ништо од сето тоа што е донесено од нивното далечно патување не ми се чини воопшто важно и интересно, освен килимот.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Бев нервозен, дали ќе најдам место во возот; ќе најдам ли сопатници, со кои ќе ми мине времето на ова далечно патување, кое трае деноноќие.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)