двапати (прил.) - му (зам.)

Во мускулите, од рамото до лактот, боцкаат тапи иглички и длетото на двапати му падна од раката, која започнува да ја губи својата способност.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Секој збор двапати му беше мерен, само тоа требаше да ѝ го каже на Рада.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Самопочитуваните тревари Никола Влашки и Пандил Димулев го следеле со машки разбирања оддалечувањето на оној чија лузна преку окото веќе двапати му ја преврзувале и го жалеле неснаодливиот млад и убав Куно Бунгур на кого во манастирскиот двор му се насмевнала жената на сургунисаниот маж.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Набожно се гледал себеси во светлост на идни божествени зори и ги пцуел четворицата шутови на своето подбивно кралство.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Зошто го споменуваш него?, вели тој. Досега двапати му го спомна името.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Водникот кој потекнуваше од неговите места, едно двапати му прости и го потсети дека тоа е забрането.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
На двапати му се фати половината и по цел месец не се појави во работилницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)