денеска (прил.) - во (предл.)

Мирче дојде токму на време. Уште бравите не беа скорнати, сите четворица му појдоа на овчарите кои ги најдоа боси да режат опути за да ги наврват искинатите биволски опинци што ги топеа денеска во локвата на пресопта.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
31. Каравлашко всушност е само еден дел од денешна Романија. По обединувањето на Каравлашко и Молдавија (1859) се создаде државата што го доби името Романија (1861), но Мисирков го употребува традиционалното народно име што е зачувано и до денеска во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Покрај неговите навистина добри коментари за скорешните резултати на оваа дисциплина, карактеристиките што тој ги дава за првиот период се подеднакво актуелни и денеска во склопот на работата од индивидуалните опсервации и полемики на преведувачите.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Вака јадосан беше сигурен дека денеска во кафулето каде што ќе оди на едно еспресо, на онаа келнерка, ако е на смена, конечно ќе ѝ рече: „Моме, чудесно ти е газето!
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Денеска во американската популарна употреба, се разбира, зборот „геј“ може да значи „стереотипно геј“ или „културно геј“, додека поверојатно е мажите што ги дефинира нивната сексуалност, односно сексот што го уживаат со мажи, да се наречат „хомосексуалци“. Но, во службениот јазик на геј-движењето, „геј“ и натаму е идентитетски означител сврзан со сексуалната наклонетост.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Затоа тој нареди да објави телалот дека денеска во шест часот – на пладнина – ќе бидат јавно спалени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Непријатната новина – што ја донесе Анѓа денеска во бунтовничкиот штаб дека водата престанала да тече, удри како молња од ведро небо.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Помина телалот рано-рано и објави дека денеска во шест часот по турски, на пладнина, ќе бидат погубени на Атпазар двајца бунтовници од Мариово. Еден поп и еден мирјанин.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Денеска во училиштето се собравме порано. Коле нѐ проѕва и не преброи.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)