добро (прил.) - за (предл.)

Со ред сите пи врвеше во главата, а штом ќе дојдеше до Нешка Рожденкина, некако умот му се завртуваше и не можеше ни зло ни добро за неа да мисли.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја чистам, по малку ја окопувам. Не оди без офкање – се тешам дека е добро за линијата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Но сепак, не му се веруваше оти тоа би било премногу добро за братучедите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Летото е добро за кучињата скитници - и покрај новиот закон за јавна чистота луѓето што шетаа по плоштадот навечер фрлаа по некој недојаден сендвич или ќеса со оладени пуканки.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Третиот господин од публиката крај бунарот, Џорџ, Ѓорѓи Шумка, човек со грло и со глас што ги раскостуваше ридјата наоколу, рече дека се копа на погрешно место, дека тука вода не излегува, но дека местото е многу добро за гаража. „Јес, мистер“, ми рече мене, „добро е за гараж“.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Но беше доволно бистар да не оди далеку, зашто знаеше дека сега неговиот пријател ќе го викне и, кога Милан не му зборуваше, мачорот не се враќаше веднаш, туку чекаше малку да му се умилкува, нешто што беше добро за гордоста и самопочитта.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Исповедувањето, рекоа тие, било добро за душата, но душата на Рози беше зацементирана во ѕидната конструкција.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Јас среќна што ти спие доцна“, рече Кети. „Добро за тебе. Тоа прави тебе јака. Млади луѓе, они мора спие повеќе од стари луѓе.“
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Беше згора над таа модрина, високо горе, заедно со тоа заискрено утро, ѓаволски добро за лов на диви кози, со сиот тој тврд снег и со сиот овој раскош на разденувањето.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)