добро (прил.) - што (прил.)

- Добро што сте го донеле - рече.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Влези внатре! Добро што дојде.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Пошепнаа само, додека беа насамо, постарите, дека е добро што не полуде.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Добро што навреме изградивме земјанки.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Е, после ќе те одерат така добро што и твоите внуци ќе им плаќаат оштета на внуците на поштарот.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
- Бојане, добро што си тука. Ела, помогни ми!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Добро, добро е, многу добро што успеав да го навлечам да се исповеда.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)