доверливо (прил.) - лице (имн.)

Коштанов бил доверливо лице на ЦК на Организацијата, “терорист“, но, разочаран од дејноста на ЦК, го напуштил и станал еден од најхрабрите членови на Гемиџискиот кружок.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Се сретнал со генерал Рачо Петров (доверливо лице на Фердинанд, бил и претседател на бугарската влада), потоа со д-р Стоилов (дотогашен претседател на бугарската влада), од кого сакал да дознае дали владата го подржува ЦК на Организацијата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Врховниот комитет минал во рацете на Цончев (иако претседател бил познатиот бугарски писател Стојан Михајловски), доверливо лице на Фердинанд, а Сарафов продолжил и натаму да се занимава со „револуционерна“ работа трудејќи се сега да се претстави како пријател на Македонската револуционерна организација.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
По многуте изменети српски чиновници, во 1934 година за шеф на станицата дојде Неделко Акиноски и остана тука сѐ до 1944, кога фашистите, не знаејќи многу за него, дека е организиран, како доверливо лице го преместија да биде шеф на станицата во Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)