долго (прил.) - во (предл.)

Тој самиот знае дека таквите ситни случки остануваат долго во душата и одвреме-навреме како песочинки ја глочкаат.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Премногу долго во Југославија лажната стварност ја потиснуваше реалната состојба на работите, па не е ни чудо што сега се заканува психотички расцеп.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Долго во ноќта претураше во својата библиотека, трагаше по основните значења на поимот зандана во речниците на балканските јазици, во енциклопедиите, во историските книги.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Замислете, деновиве читав една статија во која се раскажува дека во ателјето на Драган Соколовски, во Козле, подолго време, навечер со џип доаѓал човек за позирање, и таму останувал долго во ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ѕурев долго, долго во аголот, чекајќи да се појави поради мене, обземена од неизмерна и метафизичка среќа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Па, се мислам дали здолништето да ми биде набрано и долго во „џипси“ стил, косата црна и сплетена во плетенка да ја зберам, а одозгора да се покријам со шарпа и во кугла стаклена да се ѕверам?
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Потоа долго во ноќта борците го затрупувале ровот над којшто ги стрелале оние дванаесетмина.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Потоа долго во ноќите, гледајќи во мракот, ги гледавме лицата на нашите најблиски, ги гледавме нашите ливади, кориите, ридиштата и планините, чешмите, лозјата, реката и сонувавме, сонувавме и плачевме во сонот...
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
А во меѓувреме, ја расипаа црквата што се наоѓаше во манастирот и од неа направија клуб.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Паметам кога долго во ноќта в куќи доаѓаа жени од АФЖ-ето и долго зборува со мајките.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сѐ поретко ја гледав Клара. Таа повеќе не доаѓаше во болницата, ретко ја посетуваше Сара, кога доаѓаше кај мене мајка ми секогаш наоѓаше некој неубав збор за неа, и таа не се чувствуваше добредојдена.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
По нивното запознавање јас никогаш не зборував со Сара за брат ми, ниту со брат ми за Сара; само чувствував колку исчекуваа да дојде среда, денот кога нашите врсници се собираа во салонот на Берта, а Зигмунд и Сара остануваа уште долго во нејзината соба, и јас останував покрај нив, како сведок на она што го премолчуваа, и кога знаевме дека собирот во салонот на Берта привршува, тој, таа и јас се качувавме на горниот спрат, се поздравувавме со гостите, го слушавме благиот прекор на Берта што не сме ги удостоиле со своето присуство. …
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Татко ми и Чанга долго во ноќта чекореа по собата, бараа и пребаруваа во книгите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така стравот остануваше долго во сите луѓе што имаа кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мислевме дека засекогаш сме се ослободиле од сталинизмот, но тој беше уште долго, долго во нас, кај некои и не се искорени никогаш.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго, долго во ноќта кога сите нѐ прифаќаше во своите прегратки сонот и во него шетаа нашите кози, тој остануваше во просторот што го означуваа зраците на ламбата врз неговата отворена книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Мајка ми, приклештена од тежестите на скорешната рожба и гладот на другите рожби, долго во ноќта го гледаше тажното зрачење на татковата лампа без да ѝ биде осветлена вистината.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Долго во ноќта, Мајка, дури и низ молкот, му шепотеше на огледалото.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)