долу (прил.) - има (гл.)

Арсо се тискаше во карпата. - Долу има јаже, - се јави пак гласот.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Распавтувајќи го ситното облаче кондорот се потсетува на уката од пилиштарско време - зад секое облаче се крие сончев ден а само кога е убав сончев ден убаво и се гледа дали долу има некој доброволец да биде кркнат за појадок.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Вагонот е на два ката: и долу има жени и горе има жени.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)