долу (прил.) - во (предл.)

Гоце веќе го нема жив, нема ни бегови, ни аги, ниту пак го има султанот. Погледај, драго дете, долу во полето?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Млад овчар свири со кавал: „Развивај, горо зелена, ќе мине Делчев војвода со неговата дружина...“
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во еден момент, од високото плато на кое стоевме, го слушнавме долу во селото гласот на Надежда како продорно вика: Мајкооо! Мајкооооо!
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Од црната машина натаму се влечше долго црево долу во дупката.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Јас гледав пред себе, долу во дупката, и не реков ништо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Се влечкаа купишта камења, по два, по три, се спуштаа долу во котелот, преку макарата, а Вангел од Пустенец ѕидаше.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Ѕирнуваа долу во дупката и, голем број од нив, остануваа како згрчени, мислиш фасцинирани од оваа надеж сред изгореното Маказар.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Го слушав како зборува нешто долу во темното, но не го разбрав. Требаше да вика.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И ненадејно, некаде од високо, од зад горната рамка на прозорецот од одајчето на праведникот Шабтај, се појави далечен огнен столб кој силовито се доближи до куќата и до прозорецот и вовлекувајќи го во огнениот вител, го крена него, Праведникот, и го однесе високо, толку високо што таму, над највисоките облаци, пред Шабтај се укажа еден голем град создаден од светлина исполнет со палати, широки улици, светнати ѕидини, во чие средиште се наоѓаше Храмот на копнежот, домот на Севишниот, градбата на премудриот Соломон но сега, веќе, не изѕидан од камен, туку создаден од најсјајните зраци, а во неговото проѕирно средиште, виде јасно Шабтај, стоеше Светињата над светиите со Заветната арка и златозрачните таблици во неа; со Декалогот даден на Синајската гора на благородниот реб Мошѐ12, а над сиот тој сјај Шабтај виде како една рака во просторот над чудесните светии, испишува четирите букви на хебрејски што, сиот збунет, тој ги прочита слагајќи ги слог по слог - како што тоа го правеше со имињата од фирмите на новите големи магази на Широк сокак - како ХеВХаЈ, но и истиот час сеќавајќи се дека исписите на иврит се читаат обратно и тој стаписано го прочита исписот на прозрачната рака како ЈаХВеХ13, неизговорливото име, тетраграмонот, името на Бога во кое Шабтај најде конечен спокој и оддишка.  А во истото време, долу во Ла Калежѐ, неговиот син, снаа и внук сонуваа еден ист сон, како имено еден по друг ги палат светилките за Ханука, прво Рена, па Јаков, па третиот ден од празникот на светлината и нивниот Шабтај, а по него, светнат од среќа, и малечкиот.  Утредента Јаков го најде татка си, спокоен, со полуотворени очи загледани некаде во височините зад облачното утро, кон ветениот небесен Град на Мирот; и некако озарен, со необјаснива внатрешна светлина, што тој и жена му ја припишаа на конечно пронајдениот спокој.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
СОФИЈА, речиси милионска, е расположена на падините на питомата Витоша, на „најшумовитата“ планина, чие зеленило, чија вегетација се спуштила долу во полето на благите падини - во Софија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Видовме: над ридот прострела нешто големо со чад зад себе и се струполи долу во ливадите.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
- Ќе видите, - рече Васе поткревајќи ја глават кон авионот долу во ливадата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Стрико му и татко му останаа со воловите долу в ливаѓе, близу до нивата, оти сака ноќеска околу полноќ да спрегнат.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се свари леќата и Толе го зеде грнето и една торба 'ржани сомуни и отиде кај татка си и стрика си на Адемовата лака долу во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Слегуваме, слегуваме долу во стварноста. Слегуваме, слегуваме кајшто зад џбуновите веќе нема зајаци.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Ето една врела с'лза падна долу в земља, чрна земља неја испи и дочека втора.
„Крвава кошула“ од Рајко Жинзифов (1870)
Белината, која наѕираше овде-онде по планинските врвови не беше уште разлеана по нивите и густежите, долу во рамнината...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Таа не знаеше дека тој вечерва воопшто не ја гледал како Јанте, дека за сето време седел долу во бифето на театарот и станал дури кога загрмеле ракоплескањата на крајот од претставата.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Преку прозорците се спуштаа тешки, кадифени пердиња, а долу во левиот агол од одајата стоеше исправено големо тркалезно венецијанско огледало, ишарено по рабовите со чудни шари, купено од Куршумли-ан во Скопје, од трговците што доаѓаат да тргуваат таму дури од Дубровник.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Со бавни чекори тој дојде до ниското камено ѕитче на кејот, крај споменикот, и погледна долу во реката по која играа светлини од сијалиците на мостовите и околните куќи.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Нежно ја погали пушката како нешто најмило, се симна долу во кошарата и го пушти добитокот на вода.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Одамна веќе знаат истоштените животни оти нивните господари повеќе им веруваат на пораките од ветвите книги одошто на нивниот усет во совладување далечини А животот низ кој поминуваат не е оној што го познаваа долу во пустината туку некој друг ветен некому или посочен од некого.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Низ неа проговоруваат и природата и оној долу во дамнината, некаде во четвртто ледено доба, над дваесет илјади години пред нашата ера, кога ги забележал своите пештерски цртежи, и оној, далеку во иднината што веќе го наслушува нашиот глас и, ене, се одгласува.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Потоа се стрча долу во градинката да ги собере пердувките од врапчето и да ѝ ги покаже на сестра си кога ќе се врати од училиште.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ќе одам онаму долу во ливадите.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ама пак го зедов за кога ќе слезам долу во дворот да го пресечам зашто брачо Методија имаше секира, останата од татка му.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Како дар на времето, да се паметува, тие, војските, и горе над шумата и долу во ливадите, оставија мноштво окопи кои и ден-денеска полека се затрупуваат од ветриштата кои дуваат од север и од северозапад, од кај Прилеп и од кај Крушово, направо низ влезот на Потковицата, и од наносите на пороите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И за кога ќе ја сретнам да сум сигурен дека сум сретнал вампирка, а не Митра жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Лазор, кутриот, сиот онемен и сиот пожолтен, не од страв од борење со Иса, беше сигурен дека нема, не се родил човек кој не може да биде кутнат од него, туку од еден сон што го сонуваше ноќта помеѓу средата и четвртокот (тогаш, во сонот, од една џган, од сите вери и раси, насобрани на една непозната ледина се зададоа две црни кучиња и едното еднаш го укаса долу во слабината, а другото двапати горе за левата плешка, а од песните и од кажувањата на стари се знае дека ако те укаса на сон црно куче, значи те укасал душман, поправо те укасал нож или куршум од рака на душманот) само гледаше во Максима и затоа се почувствува многу олеснето кога тој рече Не сме дошле да правиме борачки, Хаџи Ташку; имаме да свршиме многу работи а една и со тебе, да се измириме, но првин да ја свршиме оваа со Мустафа ефенди.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И знајеќи дека таму кај што има борачка има и плачка, и знаејќи дека таму кај што се собрале Арнаути има и кавги кои секогаш со лошо завршуваат за христијаните, ги одведе потковичаните на ан кај Стомнаровци.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа рипна, ја исече сета нејзина руба спремана за невеста, ископа гроб, вистински, и ја закопа - но не подалеку од очите, долу во оградичето: За да ѝ го гледам гробот, рече, ако не ја гледам неа жива.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Немав сили категорично да станам, да протестирам долу во рецепцијата, да одам кај другите за да им објаснам.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Нашето излегување ја потсетувало на утрата со аргатите кога заминувале кон нивите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
На пример, ги спомна нејзините утра долу во полето.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Но неспорна вистина е дека сите поединости врзани со времето на заминувањето кон планината, со возраста на мајка ми, како и начинот на кој и пристапил војникот долу во полето покрај оној длабок јаз што ја водел водата кон нивите со ориз; а и неговото подоцнежно однесување кон невенчаната девојка од полето; сите тие настани верувам биле токму такви, дури и се случувале токму онака како што си ги замислувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А во сиот свој живот дотогаш немав видено бара со трски.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Што се однесува до мене, после оној наш разговор за коленцата и за животот на трските (мајка ми повеќепати ми имаше раскажувано за тој свет на барите и на мочуриштата покрај реките и за птиците во нив) ми се случи да ги сонам трските, долу во полето, покрај реката, и тоа заедно со дивите гуски што слетале во шеварот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем за многуте од замислениве поединости постоеја и потврди или наслутувања од разговорите со мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
За да ја оставиме работата и да одиме на ручек главниот мајстор удараше со чекан по едно големо парче шина обесено на најниската гранка на црната слива: дин! дин! дин!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И такво нешто постои, ама долу во ќеремидницата кај Кучичино.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Изгледа дека имаше преспано одвај еден час, кога се разбуди или се полуразбуди од звуците долу во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Иако повеќе сакаше да биде облечена во панталони кога е дома, пак се облече во здолница и блуза и веднаш отиде долу во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Со чувство на гризење на совеста за тоа што се успала, Рози брзо ги облече сините панталони и жолтата кошула и отиде долу во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се исплаши од звукот на некој тврд предмет, можеби чинија или филџан, што падна долу во кујната.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Малку време по пет часот утрото таа слезе долу во кујната и стави кафе да се вари.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Се обиде да слушне дали некој тропа долу во кујната, и кога не се слушна ништо, знаеше дека е доцна, дека Даниел и Френк отишле на работа и дека Кети и Милан се надвор во градината.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Додека се сончам таму долу во Њу Орлеанс, ќе помислувам на вас овде момци, како накиснувате до гола кожа.“ „Тогаш оди,“ рече Пикник, „оди веќе еднаш.“
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Човечките очи не можат да видат какви пречки има долу во матната вода покрај нозете, ако се движиш брзо, ја заматуваш водата! – продолжи.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Еразмо падна долу во јамата, а очите му светеа од гнев.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
-Во знак на благодарност, сакам да те поведам со мене, долу во цивилизацијата, меѓу луѓето.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тогаш ни рекоа бргу да слеземе долу во амбарите и збор да не пуштиме зашто англиски воени бродови се доближуваат, та ако слушнат врева, тогаш ќе почнат да нѐ бијат со топовите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Не припаѓаше повеќе долу во градот кај што преку ноќ почна да се плаши од своите пријатели-Македонци, да ги презира и да ги избегнува.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Не припаѓаше ни овде, оти му беше тешко да го разбере дијалектот што го зборуваа другите, или да се смее на нивните шеги, кои за него беа вулгарни и глупави.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Колку и да не сакаше да си признае, и тој го чувствуваше гневот на претпоставениот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Сите овие денови, додека се шушкаше дека некаде се крчка некој политички договор за примирје, од нивната позиција преку двогледи гледаа како долу во градот секојдневно минуваат возила, бели џипови со црни таблички и по патот се искачуваат нагоре кон селата, па потоа повторно слегуваат надолу, побргу отколку што се качуваа.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Што ќе речете ако Ви раскажам дека синоќа додека Вие овде... шушукавте со Ивана за неговото бегање во Америка, моите луѓе долу во потонот за малку што не го заклаа вашиот маж затоа што, целата ноќ, по оној дожд, се движел околу куќава за да не Ве остави сама?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Крстју сака да го заколе долу во потонот.
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Мојот братучед во квечерините ја симнуваше планината на своите плеќи и лежејќи на сламарникот со лицето нагоре врз кој само што не паднале налепените весници од таванот и оти во мислите бегаше до долното предградие каде што фодулка ја доеше малечката со козјо млеко и оти со очите сакаше да го продупчи таванот и бетонот и да стигне дури до лешочките шуми кај својата марија и оти и којзнае дали знаеше дека седам на штицата спроти него со нозе во меката коса што ја отсекле ножиците на нанчо од главите на бегалците тој напати мласнуваше скрцкуваше со забите како да дроби нешто и не слушајќи дека го прашувам дали нешто знае за оние од брегот на реката ама затоа пак ме слуша нанчо кој се врти околу една жолта тиква од која одлупува портокалови шлупки и вели ах оние мајмуни оној стар прч везден што молчи оној со долгиот врат кој како да му е врзан за половината и она детуле со 60 okno.mk бела коса што везден му седи на рамењата да вели нанчо ги знам како не ќе сум ги знаел сите ги знаат оти везден се прпелкаат во песокот и долу во косата паѓа уште една портокалова шлупка и продолжува нанчо живеат откаршија на она коматче бетонска плоча што стигнува до ќошот и се имаат заградено со црна книга скинати вреќи и ламарина и молкна а продолжи само неговото штрак штрак штрак и жолтата глава веќе не беше жолта туку којзнае каква со голем трап по средината на вратот и трапот се качуваше до врвот на главата и додека помислив дека таа глава ќе почне да вреска оти е така страшно нагрдена нанчо помина со малечка метла преку неа по вратот и рамењата и од столот стана една голема снага ги исклешти забите во мене и во братучедот кој веќе пушташе писки низ носот сполајти му рече на нанчо спуштајќи му книжна пара во раката па одвај успеа да се протурка низ малечката врата и додека вратата беше отворена во слабата светлина на денот што си заминуваше привидов нешто како голем сандак обесен под најгорната плоча и една дебела ортома што се спушташе дури до земја ете таму живеат вели нанчо и дебелана ортома што ја гледаш ама не дорече оти братучедот се беше степал со некого во сонот па мавтајќи со рацете скокна од сламарникот рече бре да така вие со мене и после не сакаше да каже кој му се пикнал во дремката истрча од одајчето на нанчо истрча во крајот на денот а по него и јас и се вративме зад насипот да ја преспиеме ноќта врз најгорната плоча под самиот опул на ѕвездите
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Калето под западната страна е засечен со голем нож земјата е жолта и врз неа ништо не расте ама под тој засек во пеесетипрвата бегалците кои нагрвалија од Војводина најдоа една голема куќа што ги заплашуваше со својата грмадност ама имаше ѕидови од тули една или две бетонски плочи што не одеа од крај накрај и тие што успеаја да се напикаат во неа беа спастрени од ветровите што дуваа од кај француските гробишта оти удираа во калето поминуваа врз куќата долу во засекот поминуваа преку реката и им ги мрсеа косите на луѓето во уличките околу плоштадот оти тие во своите влакнести гради донесоа други ветрови и јас кога прв пат дојдов да го барам братучедот кој садеше дрвца по падините на водно со страв влегов во отскриените делови на куќата низ отворот од источната страна се обидов да влезам и ги видов диреците бетонските диреци се губеа во темницата и којзнае дали таму потпираа нешто и освен што слушнав многу гласови не успеав никого да видам само претчувстував како срцето сака да ми избега па избегав јас назад по патчето што го следеше насипот од песок од врби од магарешки трн крпи гуми стари опинци и вјасајќи така во песокот завидов тројца за кои не знам дали беа запретани во неа или таа поминуваше преку нив преку старецот со долга коса и брада виткана во тркалца реку буштравата туфка за која во истиот миг сфатив дека е дете кое му лежеше преку нозете и преку младичот за кој не знам дали му седеше на раката на старецот дали само главата му беше ставена врз неа како врз перница или пак навистина само горниот дел му се подаваше од песокот и незаинтересирано фрлаше камчиња во водата и којзнае зошто јас потрчав по насипот не обѕрнувајќи се и кај театарот ја скокнав реката по дрвеното мовче нурнав во уличињата околу офицерскиот и после не знам што стана се задржав негде низ град или се вратив во предградието на насипот okno.mk 59
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
- Оф, мори мецо, што ми е жал оти не можам да ти поможам - му рекла лисицата - ами мене секој ден ми се запираат коски од кокошки во грлото, туку Бог да прости на штркот што ми 'и вади со една клешта што ја носи в уста; појди, мецо, појди долу во полено и ќе го најдиш штркот за да ти ја изваит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Голема карпа извишена крај езерото: одблизу: бигорлива, издупчена, шуплива; обрастена со ползавци, повит бршлен, драчки и со разни корења испреплетени меѓу себе како човечки жили, кои цврсто се стегаат, се чипчат за каменот ширејќи се и освојувајќи го просторот толку колку што главниот корен успева да се пробие надолу низ тесните пукнатини на карпата, запирајќи го често своето растење и напредување како човек вклештен од неволи и болест; остри тревки како влакна од коњски опашки, се нишаат на ветерот и се стегаат за каменот да не се откинат; а долу во подножјето, каде што езерото плиска и се пика во карпата како јазик во шуплив заб, се нафатиле лишаи, мов, граорчиња, диви лозинки, пршличиња, змиско грозје, василичарки и разни кусовечни тревки и билки што живеат од денес до утре шетајќи со корењата по влажниот камен и цицајќи ја водата што ја стрка езерото.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Зборот му кркори уште долу во градите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Гледам јас горе, па гледам долу во нозете, во чевлињата, не сум ја прашал кој ѝ ги купил чевлињата со жапчиња што се запетлуваат.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Нешто ми се прислушува: во јалицана како да ми врват луѓе, а долу во пондилата првкаат магарето и кравата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Го отвора таа ќепеникот и слегува долу во кледот.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
„Имам долу во торбата тревки. Ќе ги сварам во вино.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
„Откако го знам, сѐ вака се беси. Што велиш ти, Никола?“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Товари си го магаренцето, Слези си долу во село, Слези си долу во село Там’ Милка да ја целиваш“.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Таму долу во мракот и влагата, може ќе ми биде поудобно.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Оди по патот крај кој е припиена и реката одејќи заедно со него како впрегнати во јарем; на некои места патот ѝ одзема на реката, а на некои места таа му одзема поткопувајќи го; дури долу во полето се одвојува од него и напојува ниви и бавчи, овошни насади и лозја, се провира низ трњари и капинари и други неплодни скрки и стрништа, спојувајќи, како божја рака, диво и питомо, плодно и неплодно, одгледувано и запуштено.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Погледот му се избистри и сега можеше да ги види другите двајца како гледаат долу во него.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Хеликоптер со камера во клунот мора да ја следел во височината и имаше многу аплауз од партиските седишта, но една жена долу во проловскиот дел од салата ненадејно почна да крева врева и да вика дека тие не смееле да го прикажуваат пред децата, не требало, не е во ред пред деца сѐ додека полицијата не ја истурка надвор мислам дека нешто ѝ се случило, никому не му е гајле што велат проловите типична проловска реакција тие никогаш...“
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу во дворот жената со црвени раце и понатаму маршираше горе долу меѓу коритото и жицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу во дворот жената беше престанала со пеењето, но далечните викотници на децата допираа од улицата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Јунското сонце беше сѐ уште високо на небото и долу во дворот исполнет со сончева светлина една огромна жена, цврста како нормандски столб, со мускулести црвени раце и со мокро утаре врзана околу половината, тупкаше горе-долу помеѓу едно корито и жицата за сушење алишта, простирајќи мноштво бели платнени квадрати во кои Винстон препозна бебешки пелени.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој беше надвор на светлина и на воздух, додека тие беа вцицани долу во смрт, и беа таму затоа што тој беше тука горе.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Долу во теснецот се гледаше бетонската брана, а десно водата свиваше меѓу ниските планини далеку до устието на реката што се влеваше во него. Стоев така простум со крената рака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сигурно е тешко довлекувањето материјал до таму горе, си велев, ама по сѐ изгледа тој се нафаќа и на друга работа долу во Црноеч, знаејќи дека оваа не му бега.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Од речиштето што е долу во долот, патот се исправа нагоре, та тракторот грчеше и фрлаше зад себе земја. Издржи сине мајчин, си велам!
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Понекогаш ѝ доаѓаше да ѝ се обрати на мајка му на Хелвиг, кога знаеше дека е сама долу во катот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Како дете на сиромашни родители, Стале, ергенче веќе на седум осумнаесет години, почна да оди аргатин по Солунско Поле; слезе долу во Кесендра и Метуите и подработи неколку лета на светогорските чифлизи — жниеше, вршеше и се враќаше назад во Мариово да ги пасе селските свињи или говеда преку зимата.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Србендовци си кинисаа еден есенен ден преку Козјак и Кравица и се изгубија негде долу во Мегленијата, а со нив се изгуби и војводата Јован Ѓуров. На нивно место се довлечкаа „братја б'лгари".
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
И пред да ја обори сонот врз црвеникавата куверта како да се утврди во неа одлуката сега засега да не се праќа глас долу во Скопје што е со дедото Костадин.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Главата на композицијата прво ги влече натаму, па нивниот последен вагон ќе стигне до таму каде што беше главата и при тоа Чана открива долу во црната кал ту некоја откафтена вратичка од долапче, ту бовчуле, ту заштукан чевел, ту кокошка која пафкајќи со крилјата не знае на каде да фати.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Од тоа ја обзеде една замелушеност што ѝ ја помати сликата на сето она што се случуваше додека цврсто не заспа: колку и како не се знае, ама Чана ја раздели топлата чорба од петелот со по малку мевце во неа речиси на сите, ја туруваше во саани, во чинии, во месингани чапчиња, во мисури, никој не ја одби нејзината понуда, дури ни Геле Колишев, деверот на Богородица, ни таа, а нејзините синови ја пиеја како да е чај во големи звучни голтки, колку што се сеќава излезе и надвор во темницата, долу во подрумите и ги стоплила момите на Роса со што таа вратила како благодарност голем грст шеќер во коцки за внучињата на Петра, покрај нив, долу открила и други видеуца од свеќи, и ним им дала иако ѝ велеле дека тие се тука од одамна и дека сѐ имаат, дека не се гладни, дека не се мокри, само понадата на Чана никој немал срце да ја одбие.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тука се, дедо Костадине, ене ги долу во меѓата, Риса го варди од забите на Трондафила!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ау, петелот на баба Петра лежи долу во камењата!
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Не гледај долу во рекана Тоа си ти Ќе те испијат.
„Вардар“ од Анте Поповски (1958)
Танаил, пак, некој друг страв го имаше зафатено: секоја вечер пред да легне, слегуваше долу во дворот, вртеше околу куќата и проверуваше - имаше чувство дека нешто е запалено, дека нешто гори.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Тоа го изненади, но се разбуди толку чисто што не му остануваше ништо друго освен да стане, да се облече и да слезе долу во барот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Таму, згора на душемето, имаше ќепенок и низ ќепенокот можеше да се слезе долу во продавницата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Се врткаше низ собата колку што можеше подолго додека најпосле, сепак на време, слезе долу во ресторанот на кафе.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Повремено ќе чујеја како стражарот долу во дворот се преместува од едната нога на другата. Два пати крцна траказот на вратата.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Утредента командирот половина чета ја остави на бојните места, а другата половина ја подбра и слегоа прво долу во Сливница. Таму го викнаа кметот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во дворот ни жива душа не влезе. До пред мракот кокошките долу во дворот и тука по чардакот претаа, а сега се прибраа по гредите и повремено се слушаа како офкаат од починка.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Србин и Шишман, како што ги учеше фелдфебелот долу во градот, се потрудија колку што можат, но испадна едно млако вкочанување и собирање на вратовите во рамената.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
- Ех, - рече Шишман, - да слеземе долу во дворот како божем да сме тргнале да одиме да се измиеме на река.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога Србин и Шишман од рудината на Војник ја здогледаа Брзница долу во долината под нив, подзастанаа од што им се зеде здивот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Го кренаа внимателно и видоа дека гледа право долу во аурот.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Проедросорот на чардакот кроеше опинци. Го виде одозгора долу во дворот Методија со луѓето ддека доаѓа, но сепак зеде уште една фапа за расечување.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тогаш селаните од Мацково мелеа жито долу во водениците крај Сатеска.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Така слезе долу во полето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А вие што работите тука? - Ние сечеме греди и трупови за штици и ги продаваме долу во полските села - одговори вториот.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
- Добро. Ќе слезеш долу во полето.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Од каде овде овој снег, се прашуваше очигледно затечен? Долу во градот го нема.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Најнапред го здогледа својот сосед Н.С. долу во лозјето токму кај онаа лозница за која одамна му има речено дека за година- две ќе почне да раѓа грозје без семки.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Зошто настојуваат да ми го украдат понеделникот?“, се прашуваше М. Ѓурев, свиткан долу во аголот на самицата, каде што се довлечка верувајќи дека тоа е единственото место до кое дотекува толку нужната шурка свеж воздух.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Почекај ме долу во ресторанот. Нарачај си природен сок.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Џорџ Смит погледна долу во песокот и откако долго гледаше таму, започна да трепери.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Додека јас дома аргатувам, Господ би знаел, ти си бил долу во продавницата, нудејќи им друштво на госпоѓите што таму влегуваат и излегуваат.”
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Потоа заспав, и се разбудив дури откако го чув звукот на сирената од колата за хемиско чистење што застана долу во дворот. Ја однесоа црната униформа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Ѕидовите на куќите долу во градот почнаа да побелуваат, а јас за момент го подзапрева здивот и за момент поверував дека ги слушссм оние сосема тихи чекори со кои настојуваше да ми се приближи привидот на фантастичното.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сеќавав како стапалата ми пропаѓаат во меката влажна трева и како неговите долги суви прсти ми го стегаат вратот и како наеднаш нозете ми се ослободуваат од земјата иако и понатаму продолжуваа да го сечат воздухот (моите проклети нозе како да си играа ножички во рацете на многу умешен бербер) а проклетиот воздух сè потешко втасуваше до градите.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Господи колкаво рачиште има, ќе си речев! (Сето ова ми се случуваше пред да ги отворам очите и пред да сфатам дека сè уште сум долу во најцрната темница). Бегав, лудо бегав.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Долу во реката се чуја звуците и на некое друго стадо.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
3. Горниот свет Неартикулирана камена композиција втисната на Гарван, черна древна птица затскриена зад брезите, дабојте, черешните меѓу трепетливиот и див отсјај на небото двосмислена како поетски знак и живописна а ние - недораснати да ги разбереме мегалитските, сакрално елементарни глетани семи на минатото само ги посакуваме, и - приседнуваме на Плочите небаре во неправедно студениот скут на Господ кратко, многу пократко од О-н-ние онаму долу во подземјето полно мицелиум и ехо, ехо од Ум!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Некогаш не ти се вдава да се опулиш долу во снегот, да видиш дека стапалките се машки.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Борците наши долу слагаа, долу в полето - рамна рамнина, и за слобода борба водеа, славна Дебарца, Славеј Планина...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Нејзиното “разбрав” го потфати ветерот и го однесе вејавицата, го растури меѓy боровите и го изгуби долу во трапиштата.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Вие двајцата одете долу во селото и проверете која е таа жена што веќе две ноќи вика и плаче.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Долу во трапот пак силен тресок и стравот ја подига сал за миг. Се стресува.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Натежнатите клепала се спуштаат полека, ја совладуваат свеста и упорното противење и почнуваат полека да се губат во маглата најблиските ридови и... грмнува долу во трапот.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа веднаш ќе ја земете и ќе ја затворите долу во зимниците ќе ѝ оставите сенце да има што да јаде и колку што можете побрзо ќе си разотидете по домовите.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Јас сега ќе ја затворам вратата и ние мирно ќе седиме внатре, а ти пробај да го кренеш сенотот и да ја намамиш долу во аурот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Тој прво сакаше да ја намачка со сало, ама долу во Небиње, каде што беше кулата на бегот, имаше еден поган заптија по име Тефик.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го зедов јас пагурчето од долапот и отидов долу в црква кај Петрета Даскалот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Така Петре ги презеде сите црковни работи: во старата црква, долу во гробиштата, тој ги читаше апостолите и тропарите, тој ја амкаше кадилницата со темјан, тој ги опеваше мртвите и ги крштеваше новородените, ама се знаеше оти поп не е, та затоа луѓето го почестија само со прекарот Петре Питропот.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
14. Во тоа време во Велигденските пости кога Петре Даскалот ја креваше камбанаријата долу во црквата, се шушкаше нешто по селото, ама ние децата никако да разбереме што е работата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Го натерале да оди долу в село да донесе маст, и леб.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Колку што го кажавме Очетонашето, малку не пропраша од песните што ги имавме учено на памет, па нè зеде долу во црквата да растребуваме и да чистиме околу камбанаријата.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- Стој, - ме запре дедо. - Легни во папратта - ме повлече по себе долу во густата трева.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога ќе се погледнев во огледало, не можев да се препознаам, бев облечена во тетовска облека, образите ми ги нацрвија небаре тетовски јаболка.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Откако се преоблеков, се симнавме долу во салата.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Скоро незабележливо се тенчеше белата долама на Водно, а долу во градот одамна е веќе сивкаво кална разџваканост, па Пелагија и Чана успееја да стигнат до познатата зграда на Црвениот крст за да го осигурат враќањето на внучињата на бабата Петра и дедото Костадин.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Можеби долу во Пеколот, во циркузот на чичко Ѓавол, аплаузот ќе беше вистински.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)