дома (прил.) - ли (чест.)

- Сестра ти, дома ли е? Не е?
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Таму беше сестра му Руша. Гоце ја праша: - Руша, дома ли е тате?
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
— Море, дома ли сте, бре домаќини? — викна. И не чекајќи одговор, тргна право горни крај.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
— Мори, дома ли сте домаќинки! — викна Цаца на малата врата и ја држи вратата за жапка, да се осигура од кучката, оти таа навистина не познаваше кума — побратима.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Каде си, дома ли си...!? одглуми топол глас.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Во мрачкото беше: кокошките легнати, пред да ме стегне забот, слушам: - Јонице, мори, вика некој однадвор, дома ли си или не си, Велико, слушам.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Постоја така загледан и викна: - Коте ! Дома ли си бре? Кој е? - рече Коте.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)