доста (прил.) - лош (прид.)

Ниту таа, ниту колегите кои се решиле на ваков чекор – по судски пат да си ги остварат своите права – не се обратија до Трудовата инспекција, бидејќи немаа верба дека овој државен орган нешто би помогнал во конкретниот случај.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во почетокот тоа беа пародии на Бетмен - цртавме наши, доста лоши верзии на Бетмен и потоа измислувавме нови ликови.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
А работниците, пак, беа во доста лоша финансиска состојба, бидејќи, како што споменавме, веќе две години работеа за без пари!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Во меѓувреме, таа прави напори за да преговара со газдата, но до тоа не можеше да дојде во реалноста – бидејќи меѓучовечките односи во претпријатието одамна беа нарушени.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)