доста (прил.) - да (сврз.)

Питома само кога заспивам, инаку дива првата рана ко ноќ бессона ја испив зборот беше крив излечи ме од него и дојди ќе биде доста да ти простам.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Ако источнобугарското наречје се признава за најтипично, тогаш многу е јасно оти самата географска далекост на македонскиот центар од него е доста да покаже дека последниов не може да биде бугарски.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Седнаа близу до водата, да можат почесто да потшмрккуваат за да не им застане некој залаг во грлото, оти леќата не беше доста да можат со неа да ги поголтнуваат сувите залаци.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)