дотогаш (прил.) - во (предл.)

А тогаш кога Ристе Јанчески Газилајна и Тодор Велјаноски ја раскажаа оваа приказна, во пролетта во 1915 година, баба Драганка Јанческа за спомен на татка си и за спомен на Бошета Анѓелов Јанчески даде да се соѕида комбанаријата, дотогаш во црквата во Потковицата се служеше со клепало.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
По две недели ќе биде Свето Благовештение; дотогаш во ливаѓето и оградите ќе стаса зелјето па за да зготват жените за празникот Риба на зелје под вршник, тие, мажите, ќе мораат да отидат на Црна и во Блатото за да изнафатат риби.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Додека Париз, оној вистинскиот Париз, се наоѓа в поле и сиот е рамен, дотогаш во Сурен, освен покрај кејовите на Сена, нема рамнина, а градот, се издига сѐ до врвовите на „Мон Валеријан“.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И по други куќи богатски се приготвувало за строеви и свадби, но како што приготвуваа Попставревци за стројот - тоа не се ни видело, ни чуло дотогаш во овој прочуен по салтанати град.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
И кога требаше да го спуштат во гробницата, тој врисна во сонот со сета сила, како никогаш дотогаш во животот, и се разбуди од кошмарот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ние тројцата имавме потреба еден од друг како никогаш дотогаш во животот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Не веруваа дотогаш во смртта.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Во неговата темнина, низ ликот на оној, што го викаше просто Брате, се родија и многу прашања, кои дотогаш во него останувале постојано нерешени, а изгаснати.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Дотогаш во сета земја, во дипломатскиот кор, наследникот на Бургиба се гледаше само меѓу премиерот Мзали и министерот Бен Сајах. И никој друг.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Еднаш Намче Трошката им раскажа на луѓето тука пред продавницата дека сонувал како јаде камење и тие толку многу убаво му рупкале меѓу забите, што му се чинело дека ништо послатко дотогаш во животот немал јадено.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
И ако ги видиш прерано, или предоцна, како да си убил нешто во себе, нешто што дотогаш во тебе живеело, или нешто што допрва во тебе требало да се роди.”
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„И натаму размислуваш фаталистички. Како и пред да заминеш во психијатриската клиника,“ рече Мина.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ниедна култура дотогаш во толкава мера не се обиде да ги оствари своите ботанички, анимални, биолошки, географски, геолошки црти - или барем не од толкава раздалеченост од земјата.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Не ќе беше добро да се суди или да се убива Чанга, зашто никој како него дотогаш во целата земја немаше собрано, придобиено, засакано, зближено толку многу луѓе од различни вери и националности, па да стане нивни Бог, во тоа пресудно време.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тие не паметеа дека дотогаш во селото имало тримерџики.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Татко замолче. Самиот си забележа дека продолжува со испитувачки тон, невообичаен дотогаш во односите со Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)