доцна (прил.) - во (предл.)

Мајка ми не можеше да разбере зошто татко ми и во оваа земја, во која семејството пушташе корени, и требаше да живее и со другите луѓе, останува до доцна во ноќта со своите книги.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
VIII Чанга, кога го напушташе нашиот дом доцна во ноќ­та, а понекогаш дури и пред мугри, со книги под мишка, секогаш се чувствуваше возвишено.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Така, доцна во ноќта заврши состанокот на Месниот комитет во Битола.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Ни пиле не пуштаат надвор!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Добро, таа ќе спие и можеби некое време доцна во денот заедно со сите, или со половината од децата, ќе дојде да го посети и ќе седне под сенка наблизу, тргајќи долга цигара меѓу модрите усни, но тој што ќе стори? Дали ќе се разбуди?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сега кога ги читам нејзините редови што таа ги пишувала доцна во ноќите во собата што ја делевме јас и сестра ми Татјана на истиот кревет на кој и ние две спиевме ми се враќаат сите спомени од моето детство во кое ниту во еден момент не почувствував страв, осаменост, грижа или тага како што мајка ми ја опишува кога била на истата таа возраст.
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Баба ти ги правеше еднаш варени, друг пат пржени, трет пат со малку ориз... раскажуваше мајка ми! ...
„Ласа“ од Наташа Димитриевска Кривошеев (2011)
Бегаа од дома и се капеа во студеното море до доцна во октомври, а во топлите летни вечери пееја закинтски кантати во компаниите што шетаа по градките улици и се упатуваа на молот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Како зрели луѓе, Елеазар Корео и Лука Карер си правеа чест посетувајќи се било на православните верските славја, било на петочната вечера на штотуку започнатиот Шабат на домашната трпеза во проширеното семејство Корео каде што чест гостин беше Лука Карер... 
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Метакот во тој период го снимаше неговиот нов албум и до доцна во ноќта заглавуваше во студиото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Таа ја вршеше силната дневна работа, легнуваше доцна в постела и во мислите си се сеќаваше за убавото минато, кое никогаш немаше да ѝ се врати.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Се случуваше, доцна во ноќта, кога сите бевме заспани, Мајка, капната од дневните обврски, да чека долго, Татко, најпосле, да ја изгасне ламбата за, конечно, и таа да му се препушти на сонот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Беше мошне доцна во ноќта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Мајка остана до доцна во ноќта за да го дотерува, по којзнае кој пат, Татковиот свечен костум.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Утрото, Татко се разбуди свеж, иако работеше до доцна во ноќта.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Заспа доцна во ноќта со мисла: да стане со првата виделина и да ја испита трагата на ранетиот волк.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Само ги слушаш, до доцна во ноќта, како тулуликаат волците во гората и како жеравите, прелетувајќи ја Потковицата, одат некаде на југ, кликтаат јадосано и осамено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нивните гласови ги мрзнат во ушите, како најдолг и најструден мрзулец, кој ти достасува до душата и срцето и кој ти ја остинува и крвта и снагата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Доцна во ноќта немир душа земаше. Ноќ без одмор.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Тој си се предочувал себеси и како оперска ѕвезда и како астроном.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
“Ги поминував попладневните часови вежбајќи пеење, вечерите на бина, а потоа доцна во ноќта ги набљудував ѕвездите”, тој рече.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тргнав низ коридорот, во најцрн мрак, јас мрава црна во црна ноќ на мрамор црн, одев низ дворот, кон скрипториумот, каде отец Кирил Филозофот остануваше до доцна во ноќта запишувајќи сочиненија некакви во кои ги прославуваше чудесата и подвизите на божјите луѓе.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Лошата вест ни ја кажаа доцна во ноќта.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Во една и иста кафеана секој ден се сретнувам со другарите и до пладне се потсетуваме на нашите млади времиња, умуваме за тоа кој каква глупост вчера истреска на телевизија, па дома на ручек и потоа дремка со весникот во скутот и до доцна во ноќта се караш со оние од екранот на кои им се чини дека светот почнува од нив. Лигавење до немај каде.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Доцна во ноќта, се втурна во куќичката, папсан, со закрвавени очи, и блуејќи, се струполи врз креветот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
До доцна во ноќта од куќата на Јана се слушаше викотот, кој доаѓаше од гласовите на Никодин и Раде на кои дизните им беа до крај отворени, копчето за регулирање на тонот им беше завртено на најсилно.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Здравиците проткаени со поетичност продолжија до фајронтот, доцна во ноќта.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Беше доцна во ноќта кога Томо и Рада стигнаа во Куманово.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Истиот ден кога Бути се исели од сопчето на госпоѓата Нини, како гром од ведро небо луѓето ги погоди веста дека госпоѓата од третиот кат на соседната зграда, госпоѓата Маши, ги напуштила мажот и трите деца.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Сатурн не можеше да се ослободи од желбата да ја праша дали таму случајно живее некоја госпоѓица Марија. – Овде не живее никаква Марија – му рече жената.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Кога доцна во ноќта Бути ги затвори капаците, беше убеден дека таа и утре вечер, откако ќе го угаси светлото, ќе излезе на прозорецот заради него. И така беше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тогаш почна постојано да го бара по телефон, во почетокот на секои два или три часа, од шест наутро до доцна во ноќта, а потоа секојпат кога телефонот му беше при рака.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Така ќе имам пари, а со тоа ќе ми се намалат комплексите Последователно ќе удрам на дружба забава и пијанчења до доцна во ноќта.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Дури доцна во ноќта се прибирав, одвај.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Зборувајќи го истиот јазик, споделувајки исто потекло, професија, тие имаат многу теми за разговор, многу нешта за размена и остануваат заедно до доцна во ноќта.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Трагајќи по новите значења на поимот зандана, Камилски доцна во ноќта заспа со книга во рацете.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XXXIV Кога се врати Камилски дома доцна во ноќта, веќе сите спиеја.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Татко до доцна во ноќта патуваше во својата библиотека, обземен од својот дел на обврската да реферира утредента за зборовите кои не ги сметаше апсолутно за опасни, туку како зборови- институции, кој кои на најдобар начин во текот на вековите ја задржале речиси непроменлива својата иницијална конотација.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Најпосле доцна во ноќта заспа со отворен речник во рацете.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Поаѓајќи од фактот дека Турците стигнуваат на Полуостровот пред развитокот на градовите, нивното влијание ќе биде посебно означено во главните архитектонски решенија на балканските градови и другите аспекти на градскиот живот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Камилски до доцна во ноќта и утрото рано не престанувал да ги прелистува своите книги во кои посебно се зборуваше за жртвувањето во религиите, а посебно за зборот курбан, кој му беше на нишан за отфрлање од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Голем празник за нашата куќа требаше да биде и последната средба од работата на Татко и Климент Камилски за конечното составување на листата на стоте (без)опасни османизми во балканските јазици, посебно на последната средба посветена на заемките од областа на гастрономијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се разделија доцна во ноќта, се разбира, со поделени мисли и аргументи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко до крајот на животот ќе ја чувствува длабоко во душата прегратката на Али Фети и никогаш нема да го заборави суштинското од разговорот што го водеа до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но се случуваше и во доцните ноќи, кога сите беа заспани, а само Татко, останат буден крај своите книги, да се слушаат необични звуци, во куќата, крцкање како говор што доаѓаше од неодредено место, во времето коешто Татко не успеваше да го протолкува до доцна во ноќта.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Климент Камилски до доцна во ноќта пребаруваше во своите речници и енциклопедии, книги и поранешни записи, за да ги одреди петте навистина опасни зборови, во продолжение на петте третирани, во утрешната средба со Татко која беше закажана кај него.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако се раздели доцна во ноќта со Камилски, Татко продолжи да размислува за јаничарството поим институција во историјата на Балканот и на Европа.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Обично кога завршуваше играта, продолжуваше пријатен разговор помеѓу играчите до доцна во ноќта, си го дополнуваа тоа што не успеваа да си го кажат во текот на играта или тоа што го оставаа за крај.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
V Климент Камилски доцна во ноќта се најде во царството на своите книги, провлекувајќи се несетум низ коридорот до својата библиотека пред која имаше сопче со работна маса и канабе, во кое по долгото читање понекогаш и заспиваше.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски најпосле се разделија, но со тоа не беше завршена потрагата по бескрајот на речниците како во земско соѕвездје до доцна во ноќта...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
XV Долго време Климент Камилски и Татко до доцна во ноќите, но неретко и до утрини, во нивната стратегија за спасувањето на детето на Балканот, односно и нивните чеда и потомци, по задлабоченото и меѓусебно реферирање за книгите кои беа донесени од Париз за балканските јазици и јаничарството, не можеа конечно да се согласат која тема од овие две ќе биде приоритетна во нивното разгледување.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во Козар Маало, блиското Пошта Маало и околината, живее во разбирање, пријателство, солидарност, притекување на помош, делење на заедничкиот леб на сиромаштијата на повоените години цел еден мал свет, на стравот од неочекуваните упади на власта: побројните Македонци, Албанци, Турци, Срби, Унгарци, Руси, Грци, Бугари, Хрвати, Французи, Ерменци, Евреи, Власи, Роми и други.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Првин бараше зборови кои можеа да се најдат во толковна низа според сличност и дополнување на претходните, но, сепак, најпосле запре на зборовите: инает, севап, атер, рушвет и калауз.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
До доцна во ноќта Камилски пребаруваше во веќе отворените речници османски заемки од областа на архитектурата и урбанизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко можеби имаше поголема среќа со наследениот турски јазик од мајка со студиите во младоста во Цариград, во албанскиот беше целосен, го владееше францускиот, се служеше со италијанскиот и германскиот (знаењата на овие јазици им ги должеше на окупациите на родниот Поградец за време на Првата и на Втората светска војна), тешко се справуваше со македонскиот јазик, кој го научи, но и недоучи, доцна во животот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко и Камилски уште долго време се договараа доцна во ноќта, до утрина, каква постапка или, како што велеше Камилски, каков метод ќе изберат во издвојувањето, односно во селектирањето на стоте најопасни турски, погубни османизми кои се појавуваа во балканските јазици и ѝ се закануваа на иднината на нивните потомци.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тие денови нашата куќа беше исполнета, се пееја до доцна во ноќта, прв пат, во целосен состав, дури и старите четиригласни полифони песни не само од родниот крај туку и од подалеку, од југот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Неколку пати неделно таа со џип доаѓала во неговото ателје и таму останувала до доцна во ноќта.“
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Нивната работа таму траеше до доцна во ноќта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа пак истото: јас доцна во ноќта или пред зори ѝ се враќав најчесто пијана. И започнувавме со караници и тепања.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Исклучок од тоа беше пијанката на дел од вработените во Центарот по која доцна во ноќта, во фоајето на хотелот “Хит”, Круме и Андон фатија жестока тема.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Петок Јуни Животот е забава која не смее да се пропушти, а забавите, вистинските забави, траат до доцна, до доцна во ноќта, дури до утрото, а утрото се буди уморно од долгата непроспиена ноќ.
„Записки“ од Милчо Мисоски (2013)
Седам и квачам дури и не знам Дали ќе е ова уште еден Циркус Принтипрам* И дали ќе се испили беден или вреден стих од ова што се мачам доцна во ноќта – ѓупка кога напрегам гради и срцето тихо тупка во оклоп од коски А мојата душа расчленета Ко Лајбницовите Монади Моли: – наслони се стиху на моите мисли ко дете на мајчини боски 2008
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Претходната вечер се подготвуваше до доцна во ноќта.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се прибираше доцна во ноќта. Многу малку спиеше, по 4-5 часа.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
И таму не застануваше, веднаш штом ќе стигневме ќе ја грабнеше косилката и ќе ја искосеше тревата во двор­чето, а потоа, до доцна во ноќта, те слушав како нешто работиш, чукаш по дворот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Доцна во ноќта ја напуштав болницата... Темница, тишина, непријано чувство...
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
До доцна во ноќта ја средуваше твојата пушка и ја чистеше со некакви средства, бришеше и светнуваше со специјални крпи.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога јас ќе прилегнев доцна во ноќта, тој стапуваше на сцена.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Една вечер, доцна во ноќта се разбудив, слушнав липање, Матеј плачеше како мало дете: „Тато, тато, куќава не е иста без тебе, колку е празно…“
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Се симнуваше до доцна во ноќта да работиш во подрумот.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Кога се враќав од часови повеќе никаде не бегав, туку останував во темничиштето на бараката до доцна во ноќта.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Ја оставаме раат и се повлекуваме во својот стан, блиндирајќи ги сите можни отвори - бидејќи до доцна во ноќта гледаме филмови, а не би сакале Џун да ни викне полиција поради тие арачиновски експлозии што допираат од нашите звучници.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
Се случуваше, другпат, Мајка да побара да се врати дома доцна во ноќта, небаре некој недосонуван сон, само таму, во својата куќа, може да го досонува, само таму може да се ослободи среќно од тој сон, во куќата на нашите заминувања.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Татко, како по обичај, остануваше доцна во ноќта заробен од книгите. Слушаше радио на најтивок глас.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Рано в мугри и доцна во ноќта, на светлината од жолтата ламба која си ја донесе дури од Цариград, ги читаше своите книги и размислуваше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Останувавме до доцна во ноќта со Мајка, сите заед­но.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го имавме чувството, не знам зошто и како, дури до доцна во нашите животи, дека Мајка ќе биде секо­гаш здрава, на нозе.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И неговата мајка остануваше будна доцна во ноќта, загрижена за субината на својот син.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Овој ученик, чиј успех не е случаен, ќе го видите по­­стојано, и доцна во ноќта, во подрумчето на куќата, со книга.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Можеше да се случи, доцна во ноќта, при силен дожд, невреме, категорично да побара да си оди дома.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во сопчето ни доаѓаа често моите другари. Останувавме до доцна во ноќта.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Не можев да ги разберам, до доцна во мојот живот, сите причини за Татковата радост во тие мигови.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Остана доцна во ноќта во својот дом да размислува, длабоко да размислува за утрешниот ден.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Една вечер, Марија беше останала доцна во ноќта со Мајка, со Signora, како што ја ословуваше со италијанскиот што го знаеше.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Дедо Кољо го беше слушал Татко, кога доцна во ноќта, од отворениот прозорец на неговата библиотека ќе проструеше песната во која, како да се мешаа три гласа во постојано следење.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тие останаа сами до доцна во ноќта.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
„Nevada“, во следната секунда, покажуваше 18:40:15. бројките на рускиот часовник беа големи, светли врз темна основа,па во склоп со металниот ремен, изгледаа некако стабилно.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Така, на пример, ми станува јасно дека: - менувам долна облека со различно темпо: гаќите по два пати на ден, маиците еднаш неделно - подзаборавам некои француски фрази што некогаш солидно ги употребував, па наместо „trois heures moins quart“ велам „deux heures quarantecinque“ - бричењето наутро ми се одолжува на 40 до 45 минути - минатиот понеделник едноставно ми попречи постоењето на борот (засаден во дворот од татко ми на денот на мојата мала матура, пред цели 30 години) и морав да го дадам да се исече, зошто одеднаш паднатите иглички почнаа да ми ги затнуваат одводите за вода на покривот - не можам да догледам 60 насто од театарските претстави и 80 насто од филмовите, а опседнат сум од хорор сцените на ТВ екранот, во кои што ѕиркам до доцна во полноќ со глава пикната под дланките.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Останавме до доцна во мајската ноќ. Испивме не малку.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Гледав крај мене како мојата сопруга Гзиме, така беше и во Тунис, се бореше со маките на семејството, со големата ќерка Блерина, и помалите ќерки Јета и Дита, кои судбината ни ги донесе доцна во животот.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
И во тие три-четири дена, доцна во ноќта во далечниот остров Готланд, ја исполнуваше нормата преведувајќи го длабоко во ноќта последното дело на Кадаре.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
До доцна во ноќта јас влечев навалени цртички, а постариот брат за цело тоа време ми се смееше, велејќи дека даскалот ме врати во прво одделение.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Тетка ми Ана тврди дека на мајка ми работата е поинтересна и повозбудлива од нејзината, а јас не сум сосем сигурен во тоа, особено кога ќе се сетам на долгите службени патувања на мајка и на чукањето на машината за пишување до доцна во ноќта.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ризикував да не му се јавам, затоа што претпоставував дека ќе се врати доцна во ноќта. Уморна и сонлива, ја отклучив вратата.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)