другпат (прил.) - да (сврз.)

Другпат да не ти се повтори. - И ми ја грабна слушалката од рака.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
„Да извиниш ти, ама јас немам што да извинувам, дојдена сум на гости кај Генералот а не кај тебе “, одвратила Рајна, „кај тебе се готвам другпат да дојдам“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
- Тоа што стана, стана... ама другпат да внимаваш. Такви работи да не правиш. Оди си в клас!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
- Јас ќе најдам каде да фатам. – рече Луман налутено. – И да ти кажам: другпат да не чекам како вечерва да ми кажеш кој платил кој не.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)