еден (прил.) - за (предл.)

Нивните меса се топат, се залепуваат едно за друго и се собираат небаре куп смола. Згура.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Еден за друг и сите заедно. Жив букет.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ќе се фатам пак така во некој блудничав сон: ми ја префрлил раката преку рамено, ми ги пикнал прстите во косата и едно за друго ме љуби.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)