единствено (прил.) - со (предл.)

„Еј брате, еј сестро!“ извика коњушарот, а два коња, со големи и силни бутини, се туркаа еден од друг, притискајќи ги нозете кон телото, ги веднеа убаво обликуваните глави како камили, па единствено со силата со којашто ги свиткуваа своите трупови тие се протнуваа низ отворот од вратата, што целосно го исполнуваа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но да се пренесе вселената, објективниот свет, една реалност што постои надвор од човекот да се пренесе во него самиот единствено со мистиката на самоспознатиот дух, а оваа реалност да биде сметана и понатаму како прост привид, како обично олицетворение на логичките категории и „идеи на апсолутниот дух“, значеше и да биде „укинат“ апсолутниот дух, да се пренесе во друга состојба, да се објасни „духот“ со појавата на материјата, а законите на дијалектиката — со законите на развитокот, настанувањето и условите за неговото познавање од страна на човекот.
„Значењето на Хегеловата филозофија“ од Кочо Рацин (1939)
Откако ниту со орелот (зад најодалечениот облак), ниту со рибата голтната во најдлабоките води) не успеа да му измолкне на принцезиниот поглед, момчето потполно ги заборави и престолот и кралството, а помислата на принцезата го исполнуваше единствено со ужасна тревога.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Јас дури сега, благодарение на вујка ми Германа, сфатив дека во ова прашање може да се навлегува единствено со една поцелосна спокојност и без губење на смислата за забава.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)