единствено (прил.) - што (прил.)

Единствено што можете е одненадеж да слушнете, на ист начин како кога имате кивавица, тогаш можете само ненадејно да кивнете.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Единствено што можевме да направиме беше штом падне мракот да дадеме наредба за повлекување, туку и таа не стигна до сите бригади.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Единствено што се надевам е дека нема да дојде денот кога луѓето ќе престанат да зборат и наместо говор ќе ги користат само рацете на тастатура кои ќе станат извежбани како на секретарката у суд, а пола Македонија да носи тегли наочари тројка од што ќе си ги истера очите пред своето Пи-Си.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)