еднаш (прил.) - види (гл.)

Што среќлија е, сè на нив налетува! * * * Откако се вративме во Скопје и откако поминаа неколку дена, брат ми во една пригода ме праша: - Бреза, што ѝ е на мама?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Дедо Бошко уште еднаш виде дека нема шега.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Тој еднаш виде и зајак, а мајка ми... за неа да не зборувам, штом ќе излезе и ќе заталка некаде, па ќе се врати по којзнае колку време, постојано има да раскажува за средби со животни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Надвор беше многу топло.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Само еднаш видов, во едно странско списание, слика од таа жена, господине судија, и видов дека е многу поубава од мене.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ги крена рацете нагоре за да види дали има кругови од пот под мишките, какви што еднаш виде кај една водителка на телевизија. Кај Ема немаше ништо.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)