еднаш (прил.) - тој (зам.)

Не еднаш тој го сторил тоа без да одлага и да бара некакви особени зборови и начини?!
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Не еднаш тој отстапувал пред тврдоглавото упорство.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Бараше ли во таа ноќ да ти се врати уште еднаш тој сон во кој личев на нота згрчена на пет боцкави жици?
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Ги сретнав Јана и чичко Славко во слаткарницата „Палма”!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Замисли, Бреза – ми рече еднаш тој – што ми се случи.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еднаш тој дури можеше да мисли дека тоа е само едно обично запознавање, во кое можеше да биде направено и првото одмерување, или уште и првото бележење на прогонетиот и прогонувачот. Беше некоја утеха.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И еднаш тој можеше многу добро да го сети во своите прсти здивот на тоа живинче.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
И заедно со тоа меко, но трпко полазување на тагата еднаш тој мораше да се разбуди во сеќавањето за потоа целиот тој ден, до последниот трепет во него да го стиска тоа во себе, за на крајот да мора да го каже докрај она, што имаше да го каже. ...
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Но веднаш се тргна исплашен: Поарно што не ја фрлив и неа; можеше и мене да ме привлече да изгорам и јас во огнот. Co тие и уште многу црни мисли кадијата ја преседе таа ноќ и реши уште утре да ги испрати сужните за Истанбул, да му се симне еднаш тој товар од грбот и да се ослободи од стравот што го чувствуваше од Анѓиното присуство, убеден дека таа е вештерка, маѓепсницата.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ху ха ха! не не знам како се викаше мисли Мерт или Морт но главна финта е што постојано го мачи тој зафркнат уд поголем и од оној на стариот Рахаб гледаш - што прави со него? не знам мислам го замотува околу ногата или го префрла преку рамото или такво нешто божеее! каков проблем е тоа! ете се обложувам дека скинал повеќе јадни девојчишта отколку што моево црвче ги наденало! еднаш тој дури - слушај! 112 okno.mk
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тие од домот крадеа сѐ што не успеваше да го украде Алхен.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Паша Емиљевич можеше да прождере два килограми сардини одеднаш, што еднаш тој и го стори, оставајќи го целиот дом без ручек.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)