еднаш (прил.) - одамна (прил.)

Откако еднаш одамна, во 1802 година, тој, Ѓурчин Кокалески, познат мијачки сточар и трговец, почитуван дури и на дворот на Махмуд II во Константинопол, ја закупил заветрината од Акиноските, неговите потомци не престанаа да доаѓаат тука на зимување.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
- Ме прашуваат за некаков бел коњ? - ѝ бев рекол еднаш одамна на мајка ми.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
-Каде е тој коњ што не сум го видел?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ми одговори дека е подобро фантазијата да си ја чувам за ноќе, за во креветот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не носев доволно ведрина тоа утро додека младиот службеник во униформа ме воведуваше во канцеларијата на другарот Роман Гигов Грофот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сфатив дека имаат дојдено до вистината на ист начин како што постапував кога пребарував еднаш одамна што останало по преградите на паричникот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
„Белки не ги креваш вака нозете и во канцеларијата“, ѝ бев дофрлил еднаш одамна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Уште малку, па ќе стигнеме до неа и јас ќе ти раскажам што ни се случи таму, еднаш одамна, кога мајка ти беше мала колку што си ти сега.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
И јас кога еднаш одамна , во мојот поранешен живот, се качив на Водно и погледнав долу кон градот, не можев да здогледам ниту една од моите грижи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)