еднаш (прил.) - дека (сврз.)

Кога навидум се смири, ја запрашав: - Мајко, ти ми велеше еднаш дека секој има душа. А сега...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Како што Марио Амаја вели, „причината што yвездите така брзо согоруваат е тоа што се турнати до екстремите на своето однесување”, што подеднакво важи и за Ворхоловиот свет внатре и надвор од него.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Тој веќе го учеше синот на Тајкота на изработување хороскопи и кога Сандри му рече еднаш дека чувствува како и цвеќето, и дрвјата, можат да имаат своја судбина одредена од ѕвездите, тој полетно се согласи како презадоволен учител со својот надарен ученик.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Звук и „изведување” на филмовите Го истакнавме минимализмот на движе­њето и општата кинестезија во некои Ворхолови концептуални дела, да кажеме уште еднаш дека во периодот од 1963-1965 (со исклучок на Tar- zan and Jane regained, Sort of и Harlot) станува збор за неми филмови.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Баба Санда ми рече еднаш дека чичо ми морал малку повеќе да припази на нив за да не се промажат прерано, како што тоа тој го сторил со тетка Кате.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ти си она што рече еднаш дека си - сув практичар и ништо друго. Во тоа е нашата драма.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)