живо (прил.) - и (сврз.)

Сето ова и уште многу нешто кое до нас, за жал, допира пооредно или никако не допира, било или можело да биде запишано во тефтерот на господарите на Потковицата, Акиноските.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
На поплочена плоштатка пред црквата, во камено корито, низ железна шепурка, живо и осамено истураше чешма, а во неограденото и заедничко двориште на црквата и населбата, околу кошарки од врбови прачки, кои беа начепени со лепешки измешани со плева и помеѓу кои се шеташе живина, шумно се роеја улишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Ете населба, то ест место, каде што христијанската верска догма не успеала сосема да ги надвладее паганството и митологијата, туку приопштувајќи се кон нив и испреплетувајќи се со нив, со нивните обичаи и празнувања се натоврила како со бесцени камења, и историјата, припокривајќи сосе малтер на легенди и преданија, печалела за други, за завојувачите, додека за тукашните ги резервирала страдањата, прогонствата и истребувањето, а заедно со нив правото на бој и правото од сето тоа да разгрнат епски духовни мегдани, кои, во текот на времето, неуките но интелегентни души на жителите на Потковицата ќе ги преобратат во фактичка своја историја и врз неа ќе прикрепат една колку рурална толку здрава и чиста егзистенција, која, пак, несполуките и поразите, кои се јавуваат како негација на сѐ живо и движно, ќе ги извиши на рамништето на својата вера во опстанокот и тука ќе ги озакони како судбински збиднувања во човековото битисување во овие краишта.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се фати прв на оро. Го поведе лесно, потскокливо, живо и колку што се разви ороводниот гердан, одеднаш пресекоа свирките.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Затоа по неговите улици беше многу живо и шумно и дење и ноќе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тука е секогаш живо и преполно од луѓе.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Го среди и исчисти секој предмет од куќата давајќи му нов сјај и живот, сврзувајќи се со него како со нешто живо и спасувајќи го од зафрленоста, заборавеноста и исчезнувањето: Масата. Столчињата. Печката. Креветот. Ковчегот. Ламбата. Часовникот. Водарникот. Ѓумот. Тепсијата. Леѓенот. Огледалото.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Па гледаш, жив сум, и детето ми е при мене живо и здраво.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беше она старче, со оние негови очички, што му играа живо и кои никогаш не те погледнуваат право во очите, и со неговите ситни раменички кои стануваа уште поситни од тоа што едното му беше доста пониско и истрането.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За смртта всушност вчера тој дословно рече дека низ животот со неа често дружеле.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Иако до овие претпоставки доаѓам неочекувано, веднаш помислувам дека тие се поттикнати од вчерашниот разговор со Даскалов, и тоа најмногу од она негово гласно размислување, кога смртта ја третираше како нешто живо и подвижно иако притоа не беа употребени токму овие зборови.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Се испрегрнаа, си рекоа здраво- живо и Пелагија се растрча да ги почести луѓето, а Перса ѝ се обрати на Митра малку со шеговит тон Ами ти Митро што стоиш пред Чана како втесна?
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
3. Парадокс Ако „Бог ја знае мерата“ на бесмртноста и на злото кое „расте и зрее“19 тогаш нека гугне зошто бројките се зголемуваат а бесконечното се наближува кога – о, парадокси! – „секој ден сме сѐ повеќе во загуба“20 нека објасни -богат со средства и начини- кој ги благослови човекомрсците та в оган фрлаат сѐ живо и диво да му се сотре семето на семејниот Матери?
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Зар времето на полубожествата лажните пророци и развратот сѐ уште трае та што толку се напати сѐ живо и диво во земјава?“
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Тоа Бошко Манев го исплаши уште повеќе, та почна да му се моли на Дика и да го колне во сѐ живо и мртво да му помогне некако, па нека сака што ќе сака.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Излегува Дуко Вендија и гледа - нема коњ. И, ах мајче мајчино, ах живо и мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И уште ми кажува дека треба да извршиме попис на луѓе и на добиток, на живо и на мртво.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)